Регион
(Видео) Ана Брнабиќ е новиот мандатар, кој ќе ја состави владата во Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека донел одлука Ана Брнабиќ да биде мандатар за состав на новата влада на Србија.
„Не можам да ѝ забележам за ништо крупно, а за ситно можам, иако повеќе можам да си забележам себеси, така што не е фер да си простам себе си, а не и на другите“, рече тој додавајќи дека водела дисциплинирана и одговорна политика, не им се додворувала на странските центри на моќ, ниту никому во земјата.
Тој истакна дека е важно што претходните избори поминале мирно.
„Многу е важно што изборите беа мирни, без никакви инциденти и важно е граѓаните на Србија да покажат колку ги почитуваат демократијата и изборите“, рече Вучиќ и додаде дека одѕивот бил поголем отколку во многу други земји.
„Успеавме да ја направиме земјата, која отсекогаш беше меѓу последните кога станува збор за економски напредок, да биде меѓу првите“, рече Вучиќ додавајќи дека тоа е напорна работа.
Тој ги соопшти новите цели на владата.
„Новата влада ќе има цел да ја подигне економската моќ на Србија – животниот стандард на обичните луѓе мора да продолжи да расте, иако тоа е невозможно во која било друга земја за време на короната. Потоа, понатамошна изградба на патишта и железници, што е веќе договорено. Работиме и на нови проекти, на кои ние како држава ќе почнеме жестоко. И третата цел е зајакнување на здравствената моќ на Србија“, рече тој додавајќи дека мора да ги зајакнат армијата и полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.