Регион
(Видео) Балканот зафатен од невреме – снег, дожд и пад на температурите
Невреме го зафати Балканот, проследено со снег, дожд и голем пад на температурите. Голема количина дожд паднала во Црна Гора, а големо невреме ги зафати одделни делови од Хрвтаска и Босна и Херцеговина.
Бурата што вчеравечер го зафати Мостар откорнала дрвја, а оштетени се и неколку автомобили.
Olujno nevrijeme poplavilo ulice u #Mostar pic.twitter.com/SnF2mZc0e8
— Jabuka.tv (@jabukatv) October 3, 2019
Во невремето никој не е повреден, а мостарските пожарникари утрово ги отстраниле повеќето од паднатите стебла.
Голема количина дожд паднала и на територијата на Црна Гора. Најмногу количина паднало во околината на Цетиње (35 литри), Подгорица (21 литар), а во другите делови од земјата под 20 литри на квадратен метар.
Силно невреме погоди и одделни делови од Хрватска, а на подрачјето на Истра и на Кварнер издадени се дури две портокалови предупредувања. Силното невреме пристигнало вчера околу 14 часот во подрачјето на Ровињ. Поголем дел од времето врнело дожд и имало силни грмотевици, кои не престанале долго време. Најавуваната промена на времето вчера стигнала и во Загреб, но и во Нова Градишка.
На хрватската планина Завиждан паднал и снег, а бидејќи температурата е околу нулата, се очекува дека врнежи од снег ќе има и на други места.
U Rovinju se spojilo nebo i zemlja! Video: Whatsupcams
Posted by IstraMet on Среда, 02 октомври 2019
Снег од изутрината врне на Велебит, а силно невреме проследено со ветер, громови и молњи ја зафати Истра вчера во попладневните часови. Притоа, дури 20.000 молња беа снимени на морето кај Истра, а над 2.000 грома во северна Далмација, пренесува „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.
Регион
Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија
Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.
Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.
Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.
„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.
Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.