Регион
(Видео) „Видовме тела и изгорени автомобили”, сведочат жителите на Атина
„Мати повеќе не постои како населба. Видовме тела, изгорени автомобили. Се чувствуваме среќни што сме живи“, сведочат жителите на Грција за огнената стихија што ја зафати околината на грчкиот главен град Атина. Бројот на жртвите постојано расте, сега тој се искачи на 50-ина загинати и 150 повредени, меѓу кои има и деца.
Според работниците на Црвениот крст и потпретседателот на регионот, Гиргос Коколис, бројот на жртвите нагло се зголеми изутринава кога во близина на пристанишниот град Рафина беа пронајдени 26 тела.
Грчките здравствени институции не можеа веднаш да го потврдат зголемувањето на бројот на жртвите бидејќи телата сè уште не се пренесени во болниците.
Според официјалните лица, повеќе од 150 лица се повредени во пожарите што ги оштетија домовите, ги прекинаа главните транспортни врски и ги принудија жителите да ги напуштат своите домови.
Првиот пожар избувна во понеделникот во шума во близина на крајбрежната населба Кинета, околу 55 километри западно од Атина.
До изутринава пожарите сè уште гореа околу главниот град, а нови огнени стигии се појавуваа и на други места во текот на ноќта.
Властите се обидуваат да ги евакуираат жителите и туристите, рече вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, додека потрагата по други жртви продолжува.
Жителите се принудени да ги напуштат своите домови, а пожарите затворија еден од најфреквентните автопати во Грција, ги затворија железничките линии и го задушија во чад главниот град.
Пожарот во селото Мати, околу 29 километри источно од Атина, е со најголеми размери во земјата, слично на пламенот што го уништи јужниот полуостров Пелопонез во август 2007 година, при што загинаа десетици лица.
„Мати повеќе не постои како населба. Видов тела, изгорени автомобили. Се чувствувам среќна што сум жива“, изјави една жена за грчката телевизија „Скај“.
Мати е во регионот Рафина, кое е популарно место за одмор на туристите, особено за пензионерите и за децата, каде што има кампови за одмор.
Во некои делови од Мати сѐ уште тлее чад. Изгорените автомобили се расфрлани по улиците, а од пожарот оштетени се и повеќе згради.
Во околината на Атина е прогласена вонредна состојба, а премиерот Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна за да се врати во Грција.
Кипар и Шпанија понудија помош кога Грција соопшти дека им е потребна поддршка за справување со огнената стихија од партнерите од Европската Унија. Властите велат дека ќе користат беспилотни летала од САД за следење сомнителни активности.
Шумските пожари не се невообичаени во Грција, а релативно сувата зима помогна да се создадат услови за огнени стихии. Не беше веднаш јасно што ги запали пожарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.