Свет
(Видео) Вулканот Таал направи пустош на Филипините
Ерупцијата на вулканот Таал во близина на Манила исфрли лава, а местата во непосредна близина ги покри со пепел. Аеродромот во главниот град на Филипините е привремено затворен, а луѓето принудно ги напуштија домовите.
Три лица се претпоставува дека починале од срцев удар поради ерупцијата на вулканот Таал во непосредна близина на филипинската престолнина Манила, каде што се дислоцирани речиси 82.000 лица.
Починале 65-годишна жена и 27-годишен маж од градовите Талисеј и Таал во Батангас, сооопшти регионалната Канцеларија за намалување ризиците од природни катстрофи.
Жената во понеделникот доживала срцев удар, а мажот починал вчера, додаде Канцеларијата. Полицијата претходно соопшти дека возач на камион умрел во понеделникот во блиската провинција Лагуна кога ја загубил контролата врз возилото поради слабата видливост од пепелта на вулканот.
Жителите се евакуирани од градовите во Батангас и блиската провинција Кавита, но некои мажи останале да ги чуваат своите имоти и добитокот. Тимови за итни случаи, вклучително и полицијата и војниците, се распоредени за да обезбедат сите да си заминат од подрачјата со висок ризик токму поради извештаите дека некои лица ги избегнале официјалните совети и се вратиле дома кога престојувале во центрите за евакуација.
На 12 јануари еруптира вулканот Таал, кој се наоѓа на големиот остров Лузон испуштајќи пепел и пареа на височина од 8 километри на небото. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека вулканот влегол во период на нестабилност што прераснал во магматска ерупција и сериозно исфрлување лава со грмотевици и удари од светлина.
Директорот на институтот, Ренато Солидум, го зголемил нивото за паника на максимално 5 и сега се верува дека е можна опасна експлозивна ерупција во период од неколку часа до неколку дена. Институтот нареди евакуација во градовите Балет, Сан Николас и Талисеј во Батангас и во други градови на брегот на езерото Таал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.