Свет
(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон
Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон.
In #Vardenis which is located in the intrnlly recognized territory of #Armenia, a civilian bus was fired by #Azerbaijan|i drone.
В #Варденис|е (признанная территория Армении) #Азербайджан|ским беспилотником был обстрелян гражданский автобус.#NKPeace #KarabakhNow #ArtsakhStrong pic.twitter.com/Y0WfKp2hte— ArtsakhPress Agency (@ArtsakhPress) September 29, 2020
И двете страни пријавуваат и напади и жртви.
URGENT – Armenian armed forces destroyed a number of Azerbaijani tanks during clashes in Nagorno Karabakh with their defense units. #Armenia #Azerbaijan #NagornoKarabakh pic.twitter.com/kKf5XZNrSe
— ISCResearch (@ISCResearch) September 29, 2020
Претходно, беше објавено дека Ерменија уништила азејбејџански тенкови. Поради ескалацијата на судирите во областа Нагорно-Карабах, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, свика итна седница на Советот за безбедност на ОН.
Ерменија и спорниот регион Нагорно-Карабах прогласија воена состојба и издадоа повик за општа мобилизација, а Азербејџан повика на делумна мобилизација. Исто така, Азербејџан ги затвори сите аеродроми и забрани летови, освен оние кон Турција.
Додека целиот свет ги повикува завојуваните страни, Ерменија и Азербејџан, веднаш да ги прекинат конфликтите во регионот Нагорно-Карабах, борбите на теренот продолжуваат. Двете страни пријавуваат и напади и жртви.
LIVE UPDATES | Armenia reports destroying Azerbaijani armoured vehicles amid ongoing clashes https://t.co/8DZbbdhJDk
— Sputnik (@SputnikInt) September 29, 2020
Жртвите се бројат на социјалните мрежи, каде што двете страни исто така војуваат. Така, Азербејџан тврди дека Ерменија изгубила 550 припадници на армијата во нападите, а Ерменија тврди дека тоа е лага и дека биле убиени неколкумина. Тие додаваат дека Азербејџан изгубил стотици војници.
Вооружените сили на Азербејџан беа насочени кон воена единица во ерменскиот град Варденис, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан, и најави остар одговор.
New footage of the destruction of strongholds and armoured vehicles from the Azerbaijani Armed Forces has been published #SputnikUpdates https://t.co/3uTRIItKns pic.twitter.com/f0igftMMkQ
— Sputnik (@SputnikInt) September 29, 2020
Таа изјави дека на операцијата ѝ претходела, како што изјавила, дезинформација на азербејџанското Министерство за одбрана дека наводно ерменските вооружени сили од регионот Варденис го гранатирале регионот Дашкасан во Азербејџан“.
„Очекувајте остар одговор“, истакна Степананова.
#BREAKING | Armenian Defence Ministry says civilian bus on fire after being hit by Azerbaijani drone https://t.co/8DZbbdhJDk#SputnikBreaking pic.twitter.com/V6oOvPP1CJ
— Sputnik (@SputnikInt) September 29, 2020
„Азербејџан не ни остави друга опција, освен да почнеме со употреба на системи во голем калибар, кои имаат многу поголема разорна моќ“, се вели во соопштението на Ереван.
Од друга страна, Азербејџан тврди дека целосно ја разбил третата моторизирана бригада на ерменската армија. Набргу по објавата на социјалните мрежи, стигна демант.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.