Македонија
(Видео) Николовски: На 25 октомври прв дигитален конгрес на СДСМ
Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, денеска најави дека на 25 октомври, недела, ќе се одржи дигитален конгрес на СДСМ.
„Првпат во нашата земја тоа ќе го направи најсилната, најдинамична и најотворена демократска партија – СДСМ.
Во согласност со новата нормалност, се грижиме за здравјето на граѓаните, но и на делегатите, гостите и медиумските работници. На овој дигитален конгрес ќе биде даден отчет за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот 4-годишен мандат даден од граѓаните.
Како современа партија, која постојано се менува, ќе разговараме за измени и дополнувања на Статутот на СДСМ за уште поголема демократизација на партијата. За зголемување на директната внатрепартиска демократија, зајакнување на положбата и учеството на жените и младите и процесите на одлучување.
Етичка одговорност на сите членови на СДСМ, во согласност со највисоките меѓународни стандарди и практики, се наши заложби, кои ќе ги канализираме на соодветен начин. Со предлог-измените првпат во историјата на Република Северна Македонија, СДСМ ќе спроведе директен избор на претседател на партија. Членовите лично ќе гласаат на слободни, непосредни, фер и демократски внатрепартиски избори“, рече тој.
„Најавувам и други измени во согласност со меѓународните стандарди на социјалдемократијата, како што ѝ прилега на една прогресивна партија како СДСМ. Преку низа конкретни примери СДСМ покажа дека знае да се менува на подобро, во интерес на граѓаните, во интерес на државата, во интерес на демократијата. Тој процес го продолжуваме заедно. Продолжуваме да работиме посветено за да биде уште подобро за сите. Се гледамe на 25 октомври на првиот дигитален конгрес на СДСМ“, додаде Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.