Регион
(Видео) „Помош, помогнете ми“ – дете плаче и моли да го извадат од урнатините во Албанија
Локалните телевизиски станици во Албанија покажаа снимки по земјотресот кој ја погоди земјата во раните утрински часови, на едно младо момче кое беше спасено од под урната зграда во крајбрежниот град Драч, на 33 километри западно од главниот град Тирана. Од под скршената бетонска плоча се слуша повикот за помош на 17-годишното момче, кое моли за малку вода, со надеж дека спасувачите ќе успеат да го извлечат од под урнатините на четирикатницата.
Момчето плаче и вика од болка додека спасувачите со помош на шипки се обидуваат да ја ослободат неговата приклештена нога од под урнатините.
Trigger Warning – graphic footage
This little boy's cries of "Help me! Help me!" just pierce the heart.#Albania #Earthquakepic.twitter.com/8CotonDMGo
— Admirim (@admirim) November 26, 2019
Неколку часови подоцна, спасувачите успеаја да пронајдат друго дете под урната зграда во Драч, каде претходно било пронајдено тело. Вкупно 43 лица беа спасени од урнатините на зградите.
Повеќе од 600 лица биле примени во болница со повреди, а деветмна се хоспитализирани и се борат за живот.
Terremoto in Albania: scossa di 6.5, 5 morti e centinaia di feriti, persone sotto le macerie. Scosse avvertite in Puglia, Campania e Abruzzo https://t.co/kcRm4gw7yu
— Landi Dario (@LandiDario) November 26, 2019
„Ова е драматичен момент кога треба да го сочуваме мирот и да останеме еден до друг за да се справиме со овој шок“, рече премиерот Еди Рама.
Покрај првичниот земјотрес околу 4 часот изутрината кој имал епицентар 30 километри северозападно од главниот град Тирана, на длабочина од 20 километри, забележани се голем број потреси, вклучувајќи три со јачина од 5,1 до 5,4 степени.
Најтешко погодени области се Драч, каде 11 од загинатите беа пронајдени под урнатите згради, и северниот град Тумане, каде што беа извлечени уште пет тела од урнатините, соопшти Министерството за одбрана. Вкупно најмалку три хотели, станбена вила и станбена зграда пропаднаа во Драч и една станбена зграда во Туман.
Hotel collapses after 6.4-magnitude #earthquake hits #Durres #Albania pic.twitter.com/cr9p8Zakpw
— Ruptly (@Ruptly) November 26, 2019
Едно лице почина откако скокна од својот дом за да избега во Курбин, на 50 километри северно од главниот град, додека друго лице загина на патот што се сруши во северниот град Лежа.
#Earthquake #moment #children #Albania ?? pic.twitter.com/hmgjUXMv4M
— Endri (@endriarizi) November 26, 2019
„Работата за пребарување и спасување продолжува на сите места каде што се урнаа зградите“, рече министерката за одбрана Олта Џачка. „Но, овие се екстремно тешки операции, каде што треба да работите бавно, бидејќи постои голем ризик од натамошен колапс, загрозувајќи ги не само жителите, туку и оние кои се заробени и самите спасувачи“.
Сеизмологот Рапо Ормени од албанскиот Институт за геолошки науки, енергија, вода и животна средина, рече дека потресот од 6,4 се смета за силен.
H3:30 forte scossa 6.5 vicino Durazzo diverse repliche forti di cui una da 5.3.
Il Salento trema di riflesso.— PastalCapitano ?♀️? ????????????? (@PCapitano2) November 26, 2019
„Штетата во епицентарот ќе биде значителна заради неговата голема енергија, големината што ја има“, рече Ормени. „Ваквите земјотреси се чувствуваат на пошироко подрачје заради (нивната) голема длабочина и големината. Тој е почувствуван низ целата територија на нашата земја, но и во странство, до Бугарија, Босна, Италија и други земји“.
Земјотресот беше почувствуван и во Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Грција и делови од јужна Србија.
Многу жители пријавија пукнатини во нивните домови. Околу 400 војници поставија шатори во Драч и во Фуше Крује во близина на Тумане на северот, за сместување на оние кои што останаа без своите домови во земјотресот.
Рама рече дека соседните земји, Европската Унија и Соединетите држави понудиле помош. До вторникот вечерта пристигнаа спасувачки екипи од Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Италија, Грција и Романија. Србија, Хрватска, Унгарија, Германија, Франција, Естонија, Турција и Чешката Република исто така понудија помош, додека делегацијата на ЕУ во Албанија соопшти дека дополнителните средства на ЕУ ќе им бидат понудени доколку им се потребни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кризата во Бугарија продолжува: никој не може да формира влада, на повидок се нови избори
Претставниците на партијата „Има таков народ“ денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада со што се отвора патот за закажување на вонредна парламентарна избори.
Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на сегашното Народно собрание, јавува Бугарското радио. Претседателот Радев сега треба да го одреди датумот на предвремените избори за парламентот, откако неисполнети му беа вратени трите мандати за формирање влада.
На изборите во април минатата година, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Продолжуваме со промените“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.
Првиот мандат Радев и го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада, мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.
Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков.
Третиот мандат за состав на влада, според бугарскиот устав, претседателот го доверува на една од останатите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од 7 дена. Според уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролет март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источен Медитеран. Типична песочна бура со дострел од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони“, објаснува директорот на Грчката метеоролошка служба, Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 Целзиусови степени, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степена, истакнаа од Грчката метеоролошка служба.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи население, особено луѓето што страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои може да се интегрираат со полен, бактерии и габи создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува Сојузот.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.