Регион
(Видео) Трогателна средба: Мајка по четири години си ги прегрна децата коишто ѝ ги киднапирал сопругот
Славица Бурмазовиќ, која поранешниот сопруг Ејуп Сабри Јунџи ѝ ги зел трите деца и ги однел во Турција, денеска попладне конечно ги загрна двете ќерки и синот. Оваа трогателна приказна ја пренесоа сите медиуми во регионот. Децата во Србија се донесени со помош на амбасадорот на Србија во Ирак, бидејќи тоа било единствено решение со оглед на тоа деца тие немале валидни документи, ниту визи за напуштање на земјата.
Ејуп, инаку турски државјанин, ги зел децата Ајша, Есма и Тарик на 18 август 2015 година и избегал со нив во градот Мерсин во Турција, каде живееле со првата жена, со која има две деца. Славица пред три години за медиумиtе ја раскажа својата приказна.
„Децата не дозволува ниту да ги чујам, ниту да ги видам. Ги изнесе без моја писмена или каква било согласност, а на најмалиот син во моментот кога излегуваше од Србија пасошот му беше неважечки затоа беше истечен на 26.06.2015 година, а полицијата вели дека е нивен пропуст“, изјави тогаш Славица.
Судот во Мерсин донел пресуда Ејуп да ги врати децата кај мајката, но тоа не го сторил.
Мајката на сите можни начини се борела да си ги врати децата, па дури упатила и јавен апел до претседателот Александар Вучиќ, а помош барала и од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.За 4 години Славица ги видела само еднаш, во мај 2016 година.
Во меѓувреме, Ејуп со децата избегал во Иран за да не мора да ја испочитува пресудата од турскиот суд кога му било наложено да ги врати децата кај мајката.По четири години децата денеска ` беа вратени на мајката во Србија, која повеќе од 10 часа ги чекала на аеродромот Никола Тесла.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.