Европа
Во Шпанија речиси 15.000 заболени, кралот им порача дека овој вирус нема да ги победи
Шпанскиот крал Фелипе Шести им се обрати синоќа на граѓаните кои се затворени во домовите веќе четврти ден бидејќи бројот на заразени и починати од коронавирусот продолжува да расте.
Шпанија, втора европска земја по Италија во однос на бројот на заразени од коронавирус, е на чекор да го достигне новиот психолошки лимит од 15.000 заболени кога во средата беа пријавени 3.600 нови случаи.
„Ова е криза со која се бориме, која ќе ја победиме и надминеме. Овој вирус нема да нè победи. Напротив. Ќе нè направи посилно општество“, истакна Фелипе Шести за време на телевизиското обраќање обидувајќи се да охрабри 47 милиони Шпанци.
Откако стана крал во 2014 година, ова е вторпат како тој има вонредно обраќање во јавноста. Првпат тоа го стори за време на политичката криза поврзана со Каталонија.
Вчера бројот на смртни случаи од коронавирус изнесуваше 638, речиси 150 повеќе од претходниот ден. Директорот за здравствената служба на источната покраина Арагон, Хавиер Марион, плачеше на прес-конференција на прашањето за медицински материјали, вклучително и маски за персоналот во покраината. Таму се инфицирани 226 лица, од кои 13 починале.
Во исто време во Мадрид е отворена истрага за 17 смртни случаи поврзани со коронавирусот во еден од пензионерските домови кога Здружението за заштита на пациентите се пожали на третманот и состојбите во установата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.