Свет
Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во екот на пандемијата на коронавирусот.
Гутереш изјави дека пандемијата на коронавирусот довела до најголемо нарушување на образованието во историјата во повеќе од 160 држави, што ќе влијае врз повеќе од милијарда ученици. Покрај тоа, најмалку 40 милиони деца во светот ја пропуштиле својата критична предучилишна година.
Како резултат на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа, што може да доведе до губење незамислив човечки потенцијал, да поткопа децении напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости.
„Ние сме во клучен момент за децата и младите од овој свет“, рече Гутереш во видеопораката на почнувањето на кампањата „Спаси ја нашата иднина“. Тој оцени дека враќањето на учениците во училниците треба да биде главен приоритет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.
Свет
Евакуација на две села во Русија поради поплави, стабилнo во Удмуртија
Во областа Абат во руската област Тјумен во тек е евакуација на жителите на две села поради поплави, ситуацијата во Удмуртија се стабилизира, а водостоите на реките во тој руски регион се намалуваат, соопштија официјални лица.
Жителите на селата Назарово и Јурга во областа Тјумен се евакуираат со бродови, пренесе „Интерфакс“.
Официјални лица соопштија дека нивото на водата во реката Лоза во руската Удмуртска Република, која поплави 120 станбени области во регионалниот центар Игра, се намали речиси 120 сантиметри.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.