Регион
Жена и дете изгореа во пожар во бегалски камп на Лезбос
Најмалку две лица загинаа во пожар во бегалски камп на грчкиот остров Лезбос предизвикувајќи немири меѓу мигрантите. Жена и дете загинаа во пожар во преполниот камп „Морија“ на островот Лезбос, јави атинската новинска агенција, повикувајќи се на полициски извори. Телото на жената е транспортирано во општата болница на островот, а телото на детето мигрант им било предадено на властите.
Сепак, бројот на загинатите не е познат. Еден сведок рече дека три лица загинале во пожарот, кој се проширил на шест или седум засолништа.
„Пронајдовме јагленисани тела на две деца и тело на женска личност. Ние ги завиткавме децата во ќебиња и ѝ ги предадовме на противпожарната служба“, рече 15-годишниот авганистански мигрант Федуз.
Дописник на АФП видел две тела околу кои биле собрани нивните најблиски.
Пожарот во кампот бил изгаснат со авион. Но, мигрантите се собрале како резултат на револт на бавната реакција на надлежните по што полицијата употребила солзавец за да ги разбие.
Во соопштението се вели дека немирите се случиле кога избувнале два одвоени пожара, едниот внатре, а другиот надвор од кампот „Морија“, во период од 20-ина минути.
Во кампот „Морија“ сместени се приближно 13.000 луѓе, но има сместувачки капацитет само за 3.000. Во Грција има околу 70.000, главно сириски бегалци и мигранти, кои ги напуштија своите земји и мигрираа од соседна Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.