Македонија
(Видео) Заев и Ахмети се договорија последните 100 дена од мандатот премиерот да го предложи ДУИ
Наместо премиер Албанец, лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, се договориле на последните 100 дена од мандатот на новата влада да биде поставен премиер на предлог на ДУИ.
Заев изјави дека ДУИ покажала големина и доблест, па оттаму и тој покажал доблест и самиот, без консултации во СДСМ, предложил премиер на предлог на ДУИ да ги води последните 100 дена од редовниот мандат.
„ДУИ покажа големина и доблест заради иднината на сите граѓани, заради иднината на државата и успешните политики. При таа доблест е утврдено јас да ја добијам честа да бидам претседател на владата во полн четиргодишен мандат. Дел од договорот е укинување на техничка Влада, техничките министри и техничкиот премиер, нешто за што и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка. Поради оваа големина и доблест од ДУИ, без какви било претходни консултации и разговори во коалицијата и во мојата партија покажав доблест. Оттаму, на предлог на ДУИ ќе биде поставен премиерот што ќе ги води последните 100 дена од редовниот мандат“, рече Заев.
Тој рече дека денес, кога ќе се врати во партијата, ќе го елаборира овој предлог, кој значи градење партнерство.
„Досега сме имале Албанец министер за одбрана, за внатрешни работи, претседател на Собранието и државата била напредна и стабилна“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.