Контакт

Топ

ИОМ: 3.400 мигранти и бегалци ги загубиле животите во светот годинава

Објавено пред

Миграцијата е многу значајно прашање на оваа ера. Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој се одбележува денеска.

dobivaj vesti na viber

,,Достоинството е во суштината на нашата мисија. Третманот на сите мигранти со достоинство е основното барање со кое се соочуваме, пред да се обидеме да сториме што било друго во областа на миграциите – вознемирувачко прашање што доаѓа во вознемирувачко време за светската заедница – бидејќи нашата иднина зависи од тоа. Исто така и нашата сегашност.Јас сум новодојден во Меѓународната организација за миграции, неодамна избран да ја предводам една од најстарите и најефективни организации на меѓународната заедница. Сепак, миграцијата е стара колку и човештвото. Што значи дека ИОМ, со своите 67 години, е релативно новодојденец во оваа област”, се вели во едиторијалот на Антонио Виторино, генерален директор на Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Според него, во денешно време човештвото е во постојано движење – приближно еден на секои седум луѓе ширум планетата е мигрант. Останува многу да се направи, но и да се научи. Но, достоинството доаѓа прво. Пред се, достоинството да се има избор. Миграцијата е сила за достоинство, бидејќи им овозможува на луѓето да изберат да се спасат, да се заштитат, да се едуцираат или да се ослободат себеси. Тоа им овозможува на милиони да изберат учество наместо изолација, дејствување наместо безработица, надеж наместо страв и просперитет наместо сиромаштија.

,,Ние мораме да ги удостоиме тие избори со почит. Ги почитуваме така што ги третираме оние што прават вакви избори со достоинство.Ние, исто така, имаме избор. Да одговориме на надежите на мигрантите со нашето прифаќање; да одговориме на нивните амбиции со можности. Да го пречекаме нивното доаѓање како добредојдено, наместо да го одбиеме.

Ние, исто така, мора да ги почитуваме и да ги слушаме оние кои се исплашени од промените кои миграцијата ги носи во нивните животи. Без разлика дали нивните стравови се оправдани или не, тие се автентични и заслужуваат, исто така, третман со достоинство.Ако не им дадеме на сите граѓани сигурност дека и нивните избори се почитуваат, ризикуваме да загубиме вистинска можност за напредок. Миграцијата ги отсликува изборите што ги правиме заедно – или со тоа што ќе реагираме на доаѓањето на нашите соседи (или потенцијални нови соседи) со чувство на заедница, или не

Усвојувањето во текот на овој месец (10 декември) во Маракеш на Глобалниот договор за безбедна, уредна и регуларна миграција (ГДМ) со огромно мнозинство од земјите-членки на ОН, нé носи еден чекор напред кон достоинството за сите и кон балансиран пристап, како и кон широка соработка во областа на миграцијата.ГДМ наметнува рамнотежа меѓу суверенитетот на нациите и безбедноста и достоинството што ние го бараме за секој поединец.Денеска кога го прославуваме ОН Меѓународниот ден на мигрантите, ќе направиме добро ако се потсетиме на горенаведената рамнотежа, и на тоа дека двете страни не се натпреваруваат едни со други. Тие се надополнуваат.

Договорот нагласува дека сите држави треба добро да управуваат со миграцијата и дека ниту една држава не може самостојно да го постигне тоа. Соработката на сите нивоа е од фундаментално значење во областа на миграцијата.Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 18 декември како Меѓународен ден на мигрантите во 2000 година. Истата година, во својот годишен Извештај за миграцијата во светот, ИОМ изјави дека “повеќе од 150 милиони меѓународни мигранти го прославија крајот на милениумот надвор од своите земји на раѓање”.

Осумнаесет години подоцна, трендот на мажи, жени и деца кои се селат продолжи да расте. Во овие осумнаесет години видовме дека бројот на меѓународните мигранти се зголеми на околу 258 милиони луѓе. Уште 40 милиони луѓе се во моментов внатрешно раселени заради конфликти, и секоја година милиони други (18,8 милиони во 2017 година) се присилени да ги напуштат домовите заради климатски катастрофи и природни ризици.

Миграција ги изложува многу луѓе на голема опасност. Податоците на ИОМ покажуваат дека близу 3.400 мигранти и бегалци веќе ги загубиле животите ширум светот во 2018 година. Повеќето загинале при обид да стигнат до Европа по морски пат. Многу од останатите починале обидувајќи се да преминат пустини или низ густи шуми, барајќи безбедност далеку од официјалните гранични премини. Овие бројки, кои се собирани секојдневно од вработените на ИОМ, се засрамувачки”, додава генералниот директор на Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Топ

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.

Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

dobivaj vesti na viber

„Одговори нема на ниту едно од поставените прашања, само широка плејада на напади со манипулатвни изјави. Министерката најави дека ќе ме тужи за прашање коешто го поставив вчера, а на ниту едно не одговори. Вчера прашав зошто ако министерката осознала за пожарот пред 9 часот истото не го пријавила. Таа лично во изјава истакна дека осознала за пожарот нешто пред 9 часот. Првото јавување во бридатата од случаен минувач дека има пожар е во 9.50 минути, по што противпожарната бригада веќе во 9.55 минути е на лице место. Самата ја побива своја изјава“, рече Арсовска.

Градоначалничката уште еднаш ги повтори прашањата кои беа упатени на вчерашната прес-конференција, и повика Министерството да каже каде, кога и од кого е осигуран проектот за Универзалната сала, на која вредност и за кој случај на настанување на штета.

„Добивме напади, закани, закани за тужби. Заканите нема да пројдат“, рече Арсовска.

Градоначалничката додаде дека две  години укажувале дека по тој проект за реконструкција на Универзаланата сала, кој некој друг го примил во Градот Скопје во 2021 година, во месец март, по којшто распишал јавна набавка и отпочнал со реализација е увидено уште во првиот месец дека е невозможно да се работи.

„Позитивното мислење за сеизмичката заштита е укинато од страна на ИЗИС на 02.11. и покрај тоа што министерката сакаше да каже дека тогаш јас сум била градоначалник, за жал не и е добро пренесено на кој ден имам стапено на оваа функција и кога сум осознала за тој договор“, рече Арсовска.

Заклучи дека е суштински да се знае по кој проект работело министерството и изведувачот на терен, кој бил управителот на градба и кој бил надзорот.

Прикажи повеќе...

Топ

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

Објавено пред

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата по член 353 од Кривичниот законик, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на децата – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка, лица што не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија13 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ14 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија15 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија16 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија17 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија18 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион20 часа

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет20 часа

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија20 часа

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет20 часа

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија20 часа

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 дена

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...