Свет
Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал
Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе на фудбалски стадион за да гледа натпревар. Таа се запалила откако сфатила дека може да помине шест месеци во затвор поради направениот прекршок.
Старотната смрт на 29-годишната Сахар Кодајари, која се запали откако беше приведена, ги шокираше иранските власти и јавноста. Веста доаѓа во период кога ФИФА работи со иранските власти да се укине за забраната за жени за следење на спортски наппревави на стадионите, којашто е на сила 1979 година.
ФИФА сака прашањето да се реши пред 10 октомври, кога Иран – најдобро рангираната екипа во Азија – е домаќин на својот прв квалификациски натпревар за Светскиот куп против Камбоџа.
Иранката Кодајари починала во понеделникот во болницата во Техеран откако претрпе изгореници на 90 проценти од нејзиното тело. Таа била на респиратор откако се полеала со бензин пред судот во Техеран на 2 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.