Надворешна политика
Карло Ромео: Италија не го споделува неформалниот договор и ја поздравува препораката за пристапни преговори со ЕУ
Во врска со позицијата на Македонија во однос на пристапот кон преговорите со ЕУ, „Макфакс“ побара став и од Италијанската амбасада во земјава, која се произнесе дека не ги споделува ставовите во неформалниот договор ( нон пејпер) и дека ја поздравува препораката на Европската комисија од април, за отворање на пристапни преговори со Скопје и Тирана.
„Италија ја поздрави препораката на Европската комисија од април, за отворање на пристапни преговори со Тирана и Скопје. Во согласност со стратешката визија на Европската унија за Западен Балкан утврдена во Стратегијата за проширување објавена минатиот февруари („Веродостојна перспектива за проширување и зајакнување на ангажираноста на ЕУ со Западен Балкан”) и врз основа на принципите на „лични заслуги“ – во која има многу идеи споделени и претходно предложени од Италија – препораката означува јасно признание на албанските и македонските напори за спроведување на реформите неопходни за продолжување по патот кон европска интеграција“, се вели во изјавата за Макфакс, на Карло Ромео, амбасадор на Италија во Македонија.
Тој се надева дека следниот Европски совет ќе ја следи препораката на Комисијата и, следствено, ќе отвори нова фаза во преговорите за европска интеграција на нашата земја.
„ Преговорите за пристапување во ЕУ се најдобрата алатка – најдобра гаранција – со цел зајакнување и продлабочување на процесот на реформи. Поради оваа причина Италија се залага да ја добие поддршката од Европскиот Совет за донесувањето на оваа клучна одлука. Италија не го споделува неформалниот договор кој беше изготвен од неколку земји-членки на ЕУ. Од својата гледна точка, а со намера да ja охрабри Македонија повеќе да се инволвира во динамиката на регионалната соработка, Италија даде силна поддршка за вклучувањето на Македонија во „Јадранско-Јонската иницијатива“која формално беше постигната на 24 мај минатата година, кога се сретна Јадранско-Јонскиот Совет во Катанија“, вели Ромео.
Ромео потенцира дека земјите од Западен Балкан веќе подолго време се приоритет за италијанската надворешна политика која има за цел истите да ги интегрира во ЕУ, а со тоа да добијат шанса за економски развој, политичка и општествена стабилност во регионот.
„ За Италија, интеграцијата на земјите од Западен Балкан е стратешка определба и инвестиција во Европа и нејзината безбедност. Не треба да загубиме „залет“ туку да ја грабнеме можноста додека е отворена.“, вели италијанскиот Амбасадор.
(А.В)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.