Топ
Македонски државјани под истрага во Хрватска за криумчарење мигранти
Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) на Хрватска отвори истрага против седуммина државјани на Северна Македонија и двајца хрватски државјани под сомнение дека во 19 наврати организирале нелегален премин на 166 странски државјани преку границата со Босна и Херцеговина и Словенија.
Осомничените на возраст од 28 до 50 години, од крајот на април до 15 октомври, договориле недозволено преминување на границата на странски државјани за пари.
Криумчарењето на мигрантите, кои на подрачјето на Петрова Гора нелегално влегле од БиХ во Хрватска, со непознати лица го договарале двајца државјани на Северна Македонија, по што со уште еден наш државјанин го организирале преземањето и превозот на мигрантите, соопшти УСКОК. Останатите осомничени возеле пред и зад возилата со кои се превезувале мигрантите со цел избегнување на полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј
Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти Канцеларијата за тајвански работи на кинеското Министерство за надворешни работи.
Пекинг ги повика САД да ја исполнат својата обврска да не ја поддржуваат независноста на кинескиот регион Тајван, како и да прекинат со секаков вид негово вооружување, рече портпаролот на Канцеларијата.
Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и кинескиот регион Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.