Свет
Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат
Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа поради постојаното зголемување на бројот на луѓе кои страдаат и умираат од Ковид-19. Поради игнорирање на препораката на експертите, тие се плашат од нов бран на инфекции за време на празниците во декември.
Центрите за превенција и контрола на болести и локалните и федералните власти ги повикаа Американците да останат дома и да го слават Денот на благодарноста само со оние со кои живеат, но многумина отпатуваа во другите делови на земјата за да го поминат празникот со своите семејства.
По еден милион луѓе дневно поминале на американските аеродроми во изминатите пет дена, што е 60 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, но најголем број патници има од почетокот на пандемијата во март.
Традиционалната парада за Денот на благодарноста се одржа во Њујорк, но без публика да ја гледа во живо. Наместо традиционалната патека од две и пол милји, дефилето беше ограничено на само еден блок и можеше да се гледа само на телевизија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Еди Рама оттурна новинарка, не му се допадна прашањето што му го постави
Албанскиот премиер Еди Рама за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката бидејќи, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.
Како што пренесува „Газета 10“, Еди Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ откога таа му поставила прашање.
Наводно новинароката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.
По тоа, дошло до физички контакт, а сè се случило додека бил опкружен со новинарски екипи.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
„Ве молам, не допирајте ме повеќе“, рекла новинарката додека Рама си заминувал по инцидентот, пренесува „Блиц“.
Свет
Во Мексико нападната шефицата на полицијата на автопат, ѝ ја отсекле главата
Мексиканските власти вчера објавија дека една шефица полицајка и нејзините двајца помошници биле убиени при напад на автопат во државата Мичоакан. Агенцијата за државна безбедност на социјалните мрежи објави дека тројца полицајци биле убиени за време на должноста во неделата вечерта, пишува „Си-би-ес њуз“.
Меѓу нив беше и Кристал Гарсија Хуртадо, регионален полициски командант. Локалните медиуми јавија дека напаѓачите ѝ ја отсекле главата.
„Го осудуваме кукавичкото убиство на нашите колеги од полицијата, кои беа брутално нападнати додека ја извршуваа својата должност“, се вели во објавата на социјалните мрежи, во која се идентификувани другите две жртви како Ицел Мадеро Лареа и Давид де Хесус Еспиноза Валдез.
Нападот се случил на автопатот што ги поврзува градовите Пацкуаро и Уруапан. Државното обвинителство на Мичоакан, кое ја води истрагата, веднаш не го коментира инцидентот. Мичоакан има голем проблем со конфликтите меѓу бандите. На почетокот на овој месец тројца земјоделци беа разнесени со бомба.
Тоа се случи само неколку дена откако претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор призна дека импровизирана експлозивна направа убила најмалку четворица војници, во, како што рече, стапицата што веројатно ја поставил картелот Мичоакан. Во февруари двајца кандидати за градоначалник на градот Мараватио беа убиени за неколку часа еден од друг.
Свет
Лојд Остин: Нема да дозволиме Украина да пропадне
Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, на состанокот на контакт-групата за одбрана на Украина изјави дека Вашингтон нема да дозволи Украина да пропадне.
„САД нема да дозволат Украина да пропадне. Оваа коалиција нема да дозволи Украина да пропадне“, рече Остин на почетокот на состанокот на претставниците на 50-те земји, кои обезбедуваат воена помош за Украина, пренесува „Ројтерс“.
Средбата се одржува во американската воена база во Рајмштајн, Германија.