Црна хроника
Обвинителството побара притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип
Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе предлог за определување притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во зграда во Штип, а видеото од настанот беше објавено на социјалните мрежи.
„Побаран е притвор за две лица, жители на Штип, на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело насилство“, соопшти Обвинителството.
Според информациите од таму, осомничените во текот на јануари оваа година заедно извршиле грубо насилство над оштетената на начин што отишле во куќата каде што престојувала и почнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда, каде што продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејства кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
„Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и поради постоење околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, Обвинителството го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени“, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.