Свет
Пласидо Доминго обвинет за сексуалнa злоупотреба
Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго (78) е обвинет за сексуална злоупотреба од страна на осум оперски певици и една танчерка. Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век биле уценувани од Доминго да имаат сексуални односи со него во замена за улоги. Ако ја одбиеле понудата, биле ,,професионално казнувани“.
Со децении Пласидо Доминго, еден од најпознатите и најмоќни пејачи во операта, се обидувал да изврши притисок врз жените за сексуални односи во замена за нивните работни места, пишува „Асошиејтед прес“.Оценет како еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, Доминго исто така е и диригент и директор на операта во Лос Анџелес. Повеќекратниот добитник на Греми е неизмерно почитувана фигура во неговиот музички свет, опишан од колегите како човек со огромен шарм и енергија, кој работи неуморно за да ја промовира својата уметничка форма.
Осум пејачи и танчерка изјавиле за АП дека биле сексуално вознемирувани од оперската ѕвезда во текот на три децении, почнувајќи од крајот на осумдесеттите години, додека тој бил на раководни позиции.
„Бизнис-ручеците се вообичаена работа. Но, доколку некој се обидува да ве држи за рака за време на работниот ручек, или ако ја стави раката на вашето колено – тоа е навистина чудно. Тој постојано нè допираше и бакнуваше”, вели една од певиците коишто го обвинуваат за сексуално вознемирување.
Таа раскажува дека Доминго ја допирал по телото,и неколкупати присилно ја бакнувал во соблекувалната, во хотелска соба и за време на службен ручек.
Само оперската певица Патриша Улф јавно истапи со обвинувањата. Доминго ги отфрли обвинувањата, истакнувајќи дека го обвинуваат за нешто од пред 30 години.
„Ме боли да слушнам дека некого сум вознемирил или се чувствувал непријатно, без оглед колку долго помина и покрај моите најдобри намери”, истакна Доминго.Тој смета дека „правилата и стандардите според кои денес сме оценувани, се различни од оние што постоеле порано“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повеќе од 130 лица беа приведени во Њујорк по антиизраелските студентски демонстрации
Повеќе од 130 лица се приведени во текот на ноќта во Њујорк пред просториите на Универзитетот NYU, по пропалестинските студентски демонстрации, соопшти вечерва полицијата.
Њујоршката полиција за Франс прес прецизира дека сите приведени лица, од кои точно 133, потоа биле ослободени.
Полицијата додаде дека добила покана од администрацијата на Универзитетот во Њујорк да интервенира и да ги евакуира демонстрантите.
„Доколку одбијат да заминат, бараме од NYPD да преземе мерки, вклучително и апсење доколку е потребно“, се вели во писмото на Универзитетот до полицијата.
Студентите во САД во последниве денови организираа демонстрации и митинзи за ставање крај на војната во Појасот Газа.
Околу 100 пропалестински студенти веќе беа уапсени минатата недела на Универзитетот Колумбија, исто така во Њујорк. И во тој случај управата на универзитетот побарала интервенција на полицијата.
Неколку јавни личности, вклучително и претставници на американскиот Конгрес, оценија дека тие студентски собири поттикнуваат антисемитизам.
Свет
Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала
ЛибанскиХезболах соопшти дека извршил напад со беспилотни летала врз израелските воени бази северно од градот Акра, во најдлабокиот напад на израелска територија од почетокот на војната во Газа.
Израелската војска соопшти дека нема сознанија за некој од нејзините објекти погодени од Хезболах, но претходно соопшти дека пресретнала две „воздушни цели“ во близина на северниот брег на Израел.
Двете страни редовно разменуваат ракетни и воздушни напади од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, но се воздржуваат од отворена војна. Сепак, со оглед на честите напади, постојат стравувања дека несреќа или погрешна проценка на која било страна може да доведе до брза ескалација на конфликтот, како и до потенцијално вклучување на други регионални и светски сили, вклучително и САД.
Хезболах вели дека нападот е одмазда за претходниот израелски напад во кој загина еден од нивните борци. Групата објави сателитска снимка со локацијата на нападот на половина пат помеѓу Акра и Нахарија на север. На едно видео е видливо и како израелската воздушна одбрана ги пресретнува беспилотните летала.
Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони одговориле со гаѓање воени цели во областа Маркаб во јужен Либан.
Најмалку две лица загинаа, а уште шест се повредени откако израелски воздушен напад погоди станбена област во јужниот либански град Ханин, објави во вторникот официјалната либанска новинска агенција NNA.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.