Македонија
Портокалова фаза во неколку делови од земјава, температурите ќе достигнат 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 20, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло. Температурата ќе се движи од 19 до 38 степени.
Вчера беше активирано жолто ниво на целата територија на Македонија, а од денеска и портокалово ниво во скопското подрачје, по должина на Повардарието и во источните делови за опасност од високи температури и УВ-зрачење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски до граѓаните на Велес: Не верувајте на сејачите на политичка магла
Пред граѓаните на Велес, кандидатот за претседател Стево Пендаровски на синоќешниот митинг порача дека државата мора да продолжи напред по европскиот пат, да не се враќа назад во балканската кал и мочуриште и во времињата на неизвесност.
Пендаровски потсети дека во изминатите седум години се реализираше членството во НАТО, се забрза процесот на интеграција во ЕУ, кој за жал денес е закочен заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека партијата предводена од Христијан Мицкоски нема никаков план за иднината.
„И кога ги прашуваме што би смениле во тој дел, се надевам не би смениле ништо во делот на македонскиот идентитет и јазик и во делот на македонското име и код, што би промениле и какви се тие подобри договори кои вам би ви биле по волја? Знаете што одговараат? Дека имаат план Б, но тој план ќе ни го кажат ден после изборите. Велат на 9 мај ќе ви кажеме, имаме голем план, некаков мистериозен план со кој ќе ги подобрат тие договори и ќе не внесат на брза пруга во Европската Унија. Немојте да им верувате на тие сејачи на политичка магла, бидејќи ова се најдобрите можни договори со кој со сочувавме македонското достоинство, ја ставивме државата на пат кон развиениот свет и развиена Европа“ порача Пендаровски.
Пендаровски повика на масовна излезност на 24 април а потоа и на 8 мај и порача дека само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе продолжи по вистинскиот пат.
„Мораме да се мобилизираме, да се собереме сите што и мислиме добро на оваа наша Ммакедонија. На 24-ти мораме да направиме масовна политичка мобилизација во што е можно поголем број да излеземе и на осми мај само да ја запечатиме двојната победа. Нема да имате никакви потешкотии сега на ливчето. Нѐ има многу, меѓутоа само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе оди напред и нема да се враќа назад кон режимот и во балканското сивило, кал и мизерија. Значи број еден на 24 април и број еден на осми мај“ посочи Пендаровски пред граѓаните на Велес.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд
Да ја потсетам кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска дека нејзината партија 11 години од приватните специјализанти правеше социјални случаи. Тоа не го кажувам јас тоа се зборови на моите млади колеги, истакна носителот на СДСМ во изборната единица 4, Венко Филипче.
„Силјановска изгледа не знае дека ВМРО-ДПМНЕ трудот на приватните специјализанти го вреднуваше 0 денари. Со букви Нула денари. Таа како пратеник во последниот парламентарен состав можеше, исто така, да иницира измени во законот. Ама тогаш веројатно немала ни слушнато за оваа категорија здравствени работници, а сега во кампањата се обидува на нивни грб да прави политички поени“, вели тој.
За разлика од политикантството, додава Филипче, „како министер и СДСМ обезбедивме уште во 2018 приватните специјализанти да добијат месечен надомест во висина на просечна плата, платени дежурства како и платено здравствено осигурување.
Македонија
Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за Соравиа, за грабежот, тоа значи дека го прифаќа
Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со државата и на нивните слуги од СДСМ, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Гевгелија.
Тој напомена дека секоја една услуга која граѓаните треба да ја добијат како системска, од институциите е проследена со мито, кое е широко распространето.
„Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тие се блиски луѓе на власта, кажа претседателот и додаде: СДСМ му ја поклони државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери. Тоа е поради тоа што власта, СДСМ ја купува на дневно ниво. Нивната слабост ја покриваат со милион услуги кои им ги вршат на ДУИ и станаа заеднички соучесници во разграбувањето на државата“.
Мицкоски истакна и дека Пендаровски се постави како втор кандидат на ДУИ, и дека за целиот свој мандат тој не смогна сили да се спротивстави на ниту еден нивен криминал.
„Денес еве навршува 13-тиот ден од политичката кампања како Стево Пендаровски нема кажано ниту збор за ДУИ. Ниту една критика, што значи тој прифаќа и одобрува се што ДУИ, Артан, Ахмети направија со Македонија. Тој одобрува, молчи и прифаќа за продажбата на Соравиа, пљачката на државата, неодговорноста за модуларната болница, купувањето на деловни простории по багателни цени и илјадници други скандали кои сега стануваат и товар на Пендаровски и негов срам“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој порача дека на овие избори се и за тоа да се врати државата во рацете на народот.
„Промените се во раце на народот, за да Македонија биде повторно на народот. Македонија мора да ја направиме горда“, подвлече тој.