Македонија
Починаа 20 лица од Ковид-19, регистрирани 515 нови случаи
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 207, Куманово – 33, Штип – 33, Прилеп – 25, Тетово – 17, Велес – 21, Битола – 22, Охрид – 3, Кавадарци – 16, Гостивар – 16, Струмица – 17, Крива Паланка – 8, Радовиш – 7, Крушево – 1, Кочани – 21, Пробиштип – 7, Демир Хисар – 3, Пехчево – 2, Берово – 10, Виница – 2, Делчево – 11, Кратово – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 18, Неготино – 12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти од: Скопје – 508, Куманово – 41, Дебар – 9, Штип – 50, Прилеп – 80, Тетово – 69, Струга – 17, Велес – 60, Битола – 28, Охрид – 37, Кавадарци – 43, Гостивар – 31, Гевгелија – 19, Струмица – 41, Крива Паланка – 42, Радовиш – 7, Кочани – 30, Пробиштип – 13, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1, Пехчево – 3, Берово – 5, Валандово – 4, Виница – 1, Делчево – 1, Кратово – 4, Свети Николе – 13, Кичево – 24, Ресен – 4, Неготино – 7.
Починати се 20 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75), двајца од Куманово (85 и 62), еден пациент од Штип (53), двајца од Прилеп (38 и 46), двајца од Тетово (36 и 55), еден од Битола (79) и еден од Охрид (74), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65), еден од Крива Паланка (67) и еден пациент од Крушево (54). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40.275, бројката на оздравени пациенти е 24.229, на починати е 1.156, а бројот на активни случаи изнесува 14.890. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 17524, активни 6808
• Куманово 2699, активни 679
• Дебар 383, активни 72
• Штип 1963, активни 417
• Прилеп 1818, активни 765
• Тетово 2783, активни 928
• Струга 940, активни 179
• Велес 1188, активни 678
• Битола 1054, активни 518
• Охрид 957, активни 389
• Кавадарци 745, активни 360
• Гостивар 1503, активни 426
• Гевгелија 492, активни 209 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 85 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1221, активни 642
• Крива Паланка 293, активни 96
• Радовиш 309, активни 121
• Крушево 49, активни 25
• Кочани 901, активни 288
• Пробиштип 263, активни 96
• Демир Хисар 114, активни 42
• Македонски Брод 116, активни 15
• Пехчево 63, активни 4
• Берово 256, активни 75
• Валандово 120, активни 35
• Виница 238, активни 119
• Делчево 322, активни 165 (82 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 97, активни 62
• Свети Николе 553, активни 122
• Кичево 761, активни 299
• Ресен 292, активни 92
• Неготино 258, активни 164 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1293 теста се преку: ИЈЗ – 542, ЦЈЗ Скопје – 45, Авицена – 0, Биотек-60, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори) -131, Систина со PCR-метода – 353, лабораторија Лаор –0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 43, Инфективна клиника – 7, ГАК-1, Синлаб – 0, Ремедика – 0, лабораторија болница Козле – 0, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 272.892 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника примен е 1 пациент. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 18 пациенти, на кожната клиника 12 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 403
• Гази Баба – 936
• Аеродром -1077
• Карпош – 928
• Центар – 884
• Кисела Вода – 831
• Ѓорче Петров – 553
• Бутел – 367
• Шуто Оризари – 103
• Студеничани – 29
• Сарај – 66
• Арачиново -16
• Илинден – 161
• Сопиште – 57
• Чучер Сандево – 49
• Петровец –67
• Зелениково -39
• Странец – 93
• Нераспределен- 149
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Јавното обвинителство се координира со останатите институции за обезбедување фер и демократски изборен процес
Координација на активностите за успешно спроведување на претстојните избори, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес, беше тема на денешниот состанок на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери. На средбата присуствуваше и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
На средбата заеднички се констатираше дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес и во таа насока се потенцираше улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Се нагласи и очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност.
Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска, јавниот обвинител Бајрами и членови на Комисијата остварија работна средба со членовите на Државната изборна комисија, на која двете институции меѓусебно се информираа за текот на подготовките за организација и следење на изборниот процес, како и потенцијалните ризици. Привремената комисија во Јавното обвинителство непосредно ќе комуницира со членовите на ДИК во текот на спроведувањето на изборниот процес и особено на денот на гласањето за да се информира за сите евентуални изборни нерегуларности кои би можеле да бидат предмет на кривична одговорност за сторителите.
Македонија
Склучен меморандум за соработка помеѓу Економскиот факултет – Скопје и „Кроација осигурување“ АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје
Денес во просториите на Економскиот факултет – Скопје, деканот проф. д-р Предраг Трпески одржа состанок со г-дин Александар Манев-генерален директор на Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје и со претставници од истата институција.
Во рамки на остварената средба, се одвиваше плодна дискусија во насока на унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства заради остварување на заеднички цели. Во таа насока, состанокот се заокружи со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете страни со кој се официјализираше соработоката помеѓу Економскиот факултет – Скопје и Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје.
Со ова, двете институции се согласија да соработуваат во реализација на широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста преку најразлични активности и проекти од взаемен и општествен интерес, реализирање на практична настава за студентите од Факултетот, презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности за студентите на Факултетот, организирање работилници и конференции, и други активности.
За време на посетата, генералниот директор, г-дин Александар Манев и останатите претставници, во придружба на деканот и продеканите на Економскиот факултет – Скопје, ги разгледаа капацитетите со кои располага Економскиот факултет – Скопје.
ПР
Македонија
Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на матичниот лекар во скопска Железара, кој беше најден со девет убодни рани.
„Во согласност со моите информации приведено е уште едно лице. Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови. Се продолжува со други истражни дејства сè со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Штом имаме дополнителни нови информации, јавноста ќе биде дополнително известена“, рече Тошковски.
Тој не сакаше да ги коментира обвинувањата од СДСМ дека откога е дојден на местото министер за внатрешни работи, работите не одат на подобро.
„Вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор затоа што се несериозни изјави. Тотално не би ги коментирал“, рече Тошковски и додаде дека македонскиот народ се смее на она што се обидуваат да го тераат како приказна и повика да завршат ваквите паушални обвинувања.