Топ
Притвор за возачот кој усмрти полицаец на автопатот Тетово – Гостивар
Судот му определи 48-часовен притвор на возачот кој во саботата прегази полицаец на автопатот Тетово – Гостивар, на околу 500 метри по местото викано Тумчевишка Клучка.
Според првичните сознанија од увидот на обвинителот, до несреќата дошло кога лице кое управувало со автомобил „форд фокус“, со кичевски регистарски ознаки, не се придржувало кон прописите и не ја прилагодило брзината на движење според условите и состојбата на патот.
„Стигнувајќи на критичното место на кое полициски службеници ги пренасочувале возилата во десната сообраќајна лента поради претходно настаната сообраќајна несреќа, тој започнал да ги заобиколува возилата кои се движеле бавно и преминал во левата брза сообраќајна лента. Во тој момент изгубил контрола врз возилото, па удрил во бетонската ограда што го дели автопатот и во двајца полициски службеници. Од ударот, еден од полициските службеници бил исфрлен на спротивната страна од автопатот наменета за движење кон Тетово каде на него налетало патничко возило ‘фолксваген голф’ со тетовски реагистарски ознаки. Како резултат на повредите здобиени во несреќата, полицаецот починал“, се наведува во соопштението од гостиварското обвинителство.
Вториот полициски службеник, пак, се здобил со фрактура на раката и повреди на грбот и е задржан на лекување, додека со телесни повреди се здобиле и возачот и патниците во голфот кои се пуштени на домашно лекување.
Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа.
Во меѓувреме, за возачот на автомобилот „форд фокус“ е побаран краткотраен притвор под сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Судија му определи краткотраен притвор во траење од 48 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на матичниот лекар во скопска Железара, кој беше најден со девет убодни рани.
„Во согласност со моите информации приведено е уште едно лице. Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови. Се продолжува со други истражни дејства сè со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Штом имаме дополнителни нови информации, јавноста ќе биде дополнително известена“, рече Тошковски.
Тој не сакаше да ги коментира обвинувањата од СДСМ дека откога е дојден на местото министер за внатрешни работи, работите не одат на подобро.
„Вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор затоа што се несериозни изјави. Тотално не би ги коментирал“, рече Тошковски и додаде дека македонскиот народ се смее на она што се обидуваат да го тераат како приказна и повика да завршат ваквите паушални обвинувања.
Економија
Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ и ќе заврши пред Врховниот суд.
„Работниците и граѓаните имаат избор и немаат повеќе изговор да не учествуваат на ниеден од протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија. На 2 април се организира протест, кој ќе почне пред зградата на Работничкиот дом и ќе заврши пред Врховниот суд. Да им покажеме на судиите дека треба да се охрабрат, правото и правдата мора да победат и дека треба што е можно побргу да донесат нова пресуда, со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците, на оние што го граделе“, рече Трендафилов.
ССМ пред еден месец достави до Основниот граѓанскиот суд Скопје предлог за повторување на постапката врз основа на, како што кажаа, нови докази.
„Во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом од работниците и за доделување на државата. На државата не ѝ треба уште една зграда, ѝ требаат работници, ѝ требаат синдикати“, рече претседателот на ССМ.
На 8 април Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита организира протест од пред зградата на ССМ и ќе заврши пред Министерството за здравство, каде што ќе кажат дека не се задоволни од претстојното усогласување на платите.
„Одредени сектори, како дејноста здравство, нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата. Нема да добијат ниту во дејноста образование ниту во полицијата и неколку други дејности. Повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без никакво усогласување на платата со порастот на минималната“, рече Трендафилов.
ССМ и оваа година на 1 мај излегува на улица.
„Ќе им кажат на сите оние што претендираат да ја водат државата што бараат и што очекуваат од нив. Жалосно е да не ги слушнат работниците, а и работниците да не ја искористат можноста јасно и гласно да им кажат на претендентите што сакаат да седнат во пратеничките клупи и во владините фотелји што треба да направат за нив во наредниот период. Очекувањата се 450 евра најмалку минимална плата во првите сто дена од новата влада со политичка одлука за измена на законот, други измени, ќе се врати храната, ќе се врати превозот за работниците и ќе се извади надвор од бруто-платата неправдата што се направи во 2009 година, а работниците ќе добијат дополнителни финансиски средства“, додаде тој.
Топ
Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело узурпација на недвижности од чл. 225 од КЗ на РСМ.
А. Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице подолг временски период противправно завладеал имот, сопственост на државата, и го ставил во владение на своето правно лице.
Имотот што се наоѓа веднаш до цветниот пазар зад Поликлиниката ‘Бит-пазар’ во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, А. Р. противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез на предметното земјиште, каде што за секој влез-излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.