Свет
Речиси целата исландска влада е во карантин
Речиси целата исландска влада е во карантин по вечера во хотел во кој имало инфекција на коронавирус. Девет од 11 членови, меѓу кои и премиерката Катрин Jaкобсдотир, биле на вечерата и тие ќе треба да бидат тестирани двапати, соопштија од кабинетот на премиерот.
Одлуката е донесена кога било откриено дека неколку лица, кои престојуваат во хотелот „Ранга“, биле заразени од коронавирус, а министрите вечерале во тој хотел на 18 август.
Од 10 случаи на коронавирус во Исланд вчера, седуммина се регистрирани во тој хотел, пренесува порталот „Рејкјавик грејпвајн“.
Секој што присуствувал на вечерта мора да помине две рунди на тестирање.
Премиерката Јакобсдотир веќе еднаш се тестирала, а таа и другите членови на владата треба да направат и втор тест в понеделник. На вечерата не присуствувале само министерката за здравство и министерот за социјална заштита.
Додека ги чекаат резултатите од тестот, министрите треба да останат дома и да работат од далечина.
Исланд постави услов сите патници што влегуваат во земјата да бидат во карантин во траење од 14 дена или да бидат тестирани на коронавирусот двапати во пет дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.