Свет
Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни
Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што растат надежите дека ќе биде можна масовна имунизација.
Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, а водечкиот руски научник се надева дека со тоа ќе се обезбеди имунитет за повеќе од две години.
„Волонтерите од првата група се чувствуваат добро и немаат поплаки за нивното здравје“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. „Во текот на изминатите две недели, немаше сериозни несакани ефекти“.
Волонтерите од втората група за тестирање, кои ја примиле инјекцијата пет дена подоцна, исто така известуваат дека немаат несакани реакции.
Тестирањето на вакцината за коорнавирус во Русија се спроведува заедно од Министерството за одбрана на земјата и Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеи во Москва. На почетокот на јуни, волонтерите беа избрани меѓу воени лица и цивили.
На 30 јуни рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го извести претседателот Владимир Путин дека тестирањата треба да завршат до крајот на јули. Се очекува вакцината да биде регистрирана во август и да биде ставена во масовно производство што е можно порано.
Александар Гинзбург, директор на Институтот, се надева дека, по инекцијата имунитетот ќе трае две години. Земјата планира да произведе до 70 милиони дози, а здравствените организации веќе се подготвуваат за поголемо производство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.