Свет
Се урна воен хеликоптер во Русија, загина целиот екипаж
Руски воен хеликоптер „Ми-8“ се урна кај Клин во московскиот регион. Сите членови на екипажот починаа од повредите.Хеликоптерот се урнал на околу 20 километри од градот Клин, на северозападниот дел од Москва. Тој паднал во напуштена област.
Екипажот во хеликоптерот, во кој имало инструктори по летање и група практиканти, се здобил со сериозни повреди и никој од нив не преживеал, потврди руското Министерство за одбрана.
Хеликоптерот изведувал редовен тренинг-лет кога се случил инцидентот. Првичните претпоставките се дека несреќата настанала поради технички дефект.Специјална истражна група на главната команда на воздухопловните сили ги истражува причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.