Македонија
(Видео) Собранието донесе одлука за распишување референдум
Со 68 гласа „за“ пратениците ја донесоа одлуката за распишување референдум за името, што ќе се одржи на 30 септември. Референдумот ќе биде консултативен, а референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
Иницијативата беше поднесена денеска од пратениците од СДСМ, ДУИ и од Беса.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 2 амандмана, но ја напуштија салата пред тие да бидат ставени на дневен ред. Опозицијата не присуствуваше ниту за време на гласањето, а од салата си заминаа и пратениците од Алијансата на Албанците, чијшто лидер, Зијадин Села, претходно на говорницата порача дека нема да ја поддржи одлуката за распишување референдум.
Пред опозицијата да ја напушти салата, пратеникот од нивните редови Никола Мицевски обвини дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја виделе одлуката дест минути пред седницата.
„Заев и парламентарното мнозинство повикуваат да ги поддржиме, а процесот го тераат без консултации со опозицијата. Да биде јасно , ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, но ова покажува дека референдумот ќе се толкува како сакаат, бидејќи во член 1 се предлага консултативен референдум. Дали ако референдумот не е успешен без исполнет цензус, а мнозинството граѓани гласале „за“, може да се толкува како успешен и институциите да продолжат со имплементација на договорот. Мое мислење е дека тоа е целта“, рече Мицевски.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев ја повика опозицијата сите заедно да придонесат за иднината на Македонија со поддршка на одлуката за референдум.
„Пред нас е историска одлука која ќе обезбеди иднина за нашите деца како што посакувале претходните генерации. Созадаваме услови за европска држава која рамноправно ќе учествува во креирање на светските политики“, рече Тунтев.
Во текот на расправата, поддршка за предлог-одлуката упатија Реџеп Мемеди од Движењето Беса и Џеват Адеми од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.