Свет
Трамп помилува 15 лица
Американскиот претседател, Доналд Трамп, помилува 15 лица, меѓу кои и републиканците што се сметаат за негови силни поддржувачи, претставници на кампањата во 2016 година, кои се поврзани со истрагата за вмешаноста на Русија, како и осудените за масакрот во Багдад во 2007 година.
Меѓу помилуваните се и поранешниот соработник на Трамп во изборната кампања, Џорџ Пападопулос, и адвокатот Алекс ван дер Зван. И двајцата кратко издржуваа затворска казна. Трамп исто така помилува четворица безбедносни работници вклучени во масакрот во Ирак во 2007 година, како и двајца поранешни конгресмени, пренесува Би-би-си.
Пападопулос во 2017 година призна дека го излажал ФБИ за периодот кога се случил состанокот со наводните посредници на Русија за време на изборната кампања во 2016 година. Тој е првиот поранешен соработник на Трамп уапсен во истрагата за наводна руска вмешаност, предводена од специјалниот советник Роберт Милер.
Тој лажно тврдеше дека се сретнал со две лица поврзани со Русија пред да почне да работи за кампањата на Трамп, но всушност се сретнал со нив кога се вклучил во кампањата.
Пападопулос му се заблагодари на Трамп на „Твитер“ велејќи дека помилувањето значи многу за него и за неговото семејство.
Ван дер Зван исто така призна дека дал лажна изјава за време на истрагата на Милер.
„Денешното помилување помага во исправувањето на неправдата нанесена во тимот на Милер на толку многу луѓе“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Трамп ги помилува и поранешните републикански пратеници Крис Колинс и Данкан Хантер. Трамп ги смени и казните за уште пет лица. Се очекува тој да помилува повеќе луѓе пред да ја напушти функцијата претседател следниот месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.