Свет
Трамп ѝ се заканува на СЗО
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека трајно ќе престане со финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) доколку не направи одредени подобрувања во наредните 30 дена и дека ќе размисли за натамошно членство на САД во тоа тело.
Трамп во април привремено го прекина американското финасирање на СЗО обвинувајќи ја организацијата за промовирање кинески дезинформации за појавата на коронавирусот иако официјалните претставници на СЗО ги негираа обвинувањата, а Кина објави дека е отворена и транспарентна.
„Ако СЗО не направи значителни фундаментални подобрувања во наредните 30 дена, ќе ја направам мојата привремена суспензија на американското финансирање да биде трајна и ќе го разгледам нашето членство“, порача Трамп во писмото до лидерот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесу, кое е објавено на „Твитер“.
Претходно, Трамп изјави дека СЗО направила многу тажна работа во управувањето со корона-кризата и дека многу бргу ќе донесе одлука за понатамошното американско однесување.
Во писмото американскиот претседател вели дека единствениот пат што може да го преземе ова тело е да покаже целосна независност од Кина истакнувајќи дека неговата администрација веќе почнала да разговара за реформите со лидерот на СЗО.
Светската здравствена организација соопшти дека независното разгледување на глобалниот одговор на коронавирусот ќе почне што е можно побргу и дека добила поддршка и голема финансиска уплата од Кина, која е под посебна контрола како извор на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа
Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица беа ранети, објави шефот на воената управа во Керсон, Олександр Прокудин.
„Руската армија гаѓаше станбени области на населени места, при што беа оштетени две катни згради и 10 приватни куќи. Како резултат на руската агресија, две лица загинаа, уште 4 се повредени“, рече Прокудин на Телеграм.
Погоди се забележани и во пристанишната инфраструктура, објектите за критична инфраструктура, трговски центар, комерцијални објекти и автомобили, додаде тој. Според него, непријателот ги гранатирал населбите Дудчани, Нововоронцовка, Михајловка, Одрадокамјанка, Гавриловка, Весела, Золота Балкан, Качкаровка, Антоновка, Станислав, Днепровске, Јантарне, Билозерка, Велетенске, Кизомиш и градот Берег.
Во текот на ноќта, силите за противвоздушна одбрана уништија 26 од 28-те јуришни беспилотни летала што Русија ги користеше за напад на Украина, објави на Телеграм Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.
Свет
Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата
Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис Скот Ки се урна во вторникот наутро откако товарен брод удрил во него.
Двајца мажи на возраст од 35 и 26 години се пронајдени на 7,6 метри под вода, пренесува CBS News. Несреќата се случила во вторникот откако бродот „Дали“ удрил во еден од столбовите на мостот.
Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт. Во вторникот беше објавено и дека бродот Дали, кој удри во мостот, исто така бил вклучен во инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година.
Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, соопштија локалните власти во вторникот вечерта, бидејќи се претпоставува дека се мртви.
Претходно беше соопштено дека спасувачите трагаат по 20 луѓе, додека шефот на противпожарната служба во Балтимор Џејмс Валас во вторникот изјави дека две лица се спасени од реката Патапско.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.