Регион
Хрватска забрани летови од Велика Британија поради новиот коронавирус
Хрватска им се приклучи на европските земји што ги прекинаа воздушните врски со Велика Британија поради новиот вид коронавирус, кој рапидно се шири во земјата.
„Хрватска како мерка на претпазливост привремено ќе го прекине воздушниот сообраќај на патниците од Велика Британија за 48 часа сè додека не бидат специфицирани информации за евентуален нов вид вирус“, објави премиерот Андреј Пленковиќ на „Твитер“. „Приоритет е да се заштити здравјето на граѓаните“, додаде тој.
Слични мерки беа воведени претходно од Франција, Ирска, Германија, Австрија, Бугарија, Холандија и од Италија. Забраната може да ја воведе целата Европска Унија бидејќи во тек се консултации за заеднички одговор на поморските, железничките и на патните врски со Велика Британија.
Емануел Макрон, Ангела Меркел, Урсула фон дер Лаен и Чарлс Мишел разговараа на оваа тема. Британската влада одлучи да воведе строги мерки за Лондон и за југоистокот на Англија погодувајќи ги со тоа плановите за божикни собири во обид да се спречи ширењето на инфекцијата за која се вели дека е нов вид коронавирус.
Надвор од Велика Британија, неколку случаи се пријавени во Данска (9) и по еден во Холандија и Австралија, објави Светската здравствена организација (СЗО). Агенцијата на ООН посочува дека новиот вид, според првите информации, може да биде заразен, но дека нема докази за промена на тежината на болеста, иако ова сè уште се истражува. СЗО ќе обезбеди повеќе информации веднаш штом има појасна слика за карактеристиките на новиот вид, рече портпарол на СЗО за Европа.
„Во Европа, каде што вирусот бргу се шири, земјите треба да ги засилат контролата и превенцијата“, соопшти агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.