Македонија
345 нови случаи на Ковид-19, починаа 8 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-129, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од: Скопје-124, Куманово-19, Штип-12, Прилеп-16, Тетово-27, Велес-9, Битола-18, Гостивар-10, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-7, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-3.
Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69), двајца од Велес (82 и 57), еден од Битола (82), еден од Гостивар (70), еден од Гевгелија (78), еден од Струмица (81) и еден пациент од Валандово (48). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 37455, активни 10022
• Куманово 4886, активни 476
• Дебар 682, активни 136
• Штип 3379, активни 184
• Прилеп 4372, активни 384
• Тетово 4870, активни 698
• Струга 2094, активни 234
• Велес 2867, активни 390
• Битола 3112, активни 392
• Охрид 2566, активни 452
• Кавадарци 2286, активни 500
• Гостивар 3457, активни 433
• Гевгелија 1215, активни 216 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 208 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2391, активни 438
• Крива Паланка 671, активни 104
• Радовиш 649, активни 73
• Крушево 173, активни 21
• Кочани 1652, активни 169
• Пробиштип 462, активни 34
• Демир Хисар 239, активни 29
• Македонски Брод 227, активни 13
• Пехчево 165, активни 22
• Берово 543, активни 68
• Валандово 318, активни 34
• Виница 463, активни 62
• Делчево 683, активни 204 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 201, активни 16
• Свети Николе 1050, активни 65
• Кичево 1613, активни 179
• Ресен 668, активни 114
• Неготино 1085, активни 257 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2455 теста се преку: ИЈЗ-650, ЦЈЗ Скопје-54, Авицена-425, Биотек-245, МАНУ -105, Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со PCR метода -428, лабораторија Лаор –197, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-29, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -81, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19

Премиерот, Зоран Заев, донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција. Премиерот, својот дел од Хесенската мировна награда која ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во висина од 12.500 евра, ја донираше во солидарниот фонд за справување со Ковид-19“, напиша Филипче на „Фејсбук.
Тој додава дека огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучиле преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза.
„Солидарноста е клучна во периодот кој следува и нашето општество мора да функционира како едно“, напиша Филипче.
Македонија
Тројца кумановци обвинети за формирање ќелија по примерот на Исламска држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група „ќелија“ постоела координација и заедничко делување, со намера загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните. Секој член имал конкретни задачи.
По спроведената истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонењена организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против три лица од Куманово. На обвинетиот Б.А (28), му се става на товар дека сторил кривично дело терористичка организација и кривично дело тероризам, додека обвинетите В.А. (22) и Е.Љ. (26) со дејствијата опишани во обвинението сториле кривично дело терористичка организација и кривично дело тероризам.
„ Во почетокот на 2019 година обвинетиот Б.А., создал злосторничка организација – терористичка организација ‘ќелија’, со основи на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС. Прифаќајќи го криминалниот план на злосторничката организација – терористичка група ‘ќелија’ припадници станале обвинетите В.А.и Е.Љ., како и осумтемина осомничени за кои се спроведува истражна постапка од 28.12.2020 година. Во терористичката група ‘ќелија’ постоела координација и заедничко делување, со намера загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните. Секој член имал конкретни задачи и тоа: обвинетиот А.Б. како организатор обезбедувал финансиски средства за остварување на целите на злосторничката организација, го договарал и организирал набавувањето – купувањето на оружјето, муниција и воената опрема, организирал вежбовни активности поврзани со употреба на огнено оружје и експлозивни направи, организирал средби на кои се прикажувале видеа со радикална содржина, како и начинот на изработка на експлозивни направи. Обвинетите В.А.и Е.Љ. како припадници на злосторничка организација – терористичка група ‘ќелија’ добивале конкретни задачи од обвинетиот А.Б., обезбедувале логистичка поддршка и имале задача да обезбедат простории односно објект, во кој ќе го држат оружјето, муницијата и воената опрема. Воедно изработувале импровизирани експлозивни направи, обезбедиле патничко моторно возило со кое ќе се пренесува оружјето и учествувале во неговото пренесување и прикривање, а собирале и информации за движење и вршеле опсервирање на објекти и локации.
Обвинетите, дејствувајќи по однапред направениот план, со намера да извршат едно или повеќе дела на убиство, телесно повредување, уништување на јавни објекти, објекти на инфраструктура и објекти во општа употреба на територија на Република Северна Македонија, од почетокот на 2019 година, се подготвувале, купиле, пренесувале и држеле експлозив, огнено оружје, муниција, гранати, бомби и воената опрема. Притоа изработувале импровизирани експлозивни направи и во два наврати од крајот на месец април до средината на месец август 2020 година со намера да го испробаат разорното дејство на изработените експлозивни направи, ги употребиле во напуштениот објект на поранешниот Хотел „Ку-ба“ во близина на с. Проевце, Куманово. Како дел од обуката за користење на ракетен фрлач- зоља и другото автоматско оружје, обвинетите од засега непознато лице набавиле ракетен фрлач – зоља и вршеле пробно испалување, како и пукање со автоматска пушка во близина на местото викано Менкова Колиба во близина на Куманово.
Имајќи ги предвид околностите што постоеле во моментот на определувањето на мерката притвор, како и специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело и оправданиот страв дека обвинетите ќе ги повторат кривичните дела, односно ќе бидат во можност да извршат кривични дела: убиство, телесно повредување, изведување на терористички акти на цивилни или така наречени меки цели, како и изведување на напади на јавни објекти, објекти на инфраструктура и објекти во општа употреба на територија на Република Северна Македонија, обвинителството со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка“.
Македонија
Кривичен суд: Невозможно е од судот да излегла информацијата за притворот на Мијалков

Кривичниот суд преку соопштение до медиумите напоменува дека по однос на поднесениот предлог за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, постапувал итно, крајно професионално и стручно, донесувајќи одлука во најкус можен временски период, со примена на мерки за обезбедување на целосна тајност во постапувањето. Од судот додаваат дека извршиле интерни проверки.
„ Од поднесување на предлогот до изготвување на решението поминале севкупно три и половина часа, од 15 до 18:30 часот. Одлуката е донесена во недела(неработен ден) иако советот можел да одлучува и во понеделник до 15 часот, имајќи предвид да рокот за одлучување е 24 часа. Судот тврди дека е невозмозно од судот да протекла информација дека е поднесен предлог за притвор против обвинетиот С.М. бидејќи во критичниот период од 15 до 18:30 часот, сите што имале увид во предлогот имале заемна визуелна контрола едни на други, со телефоните оставени на видливо место“, велат од судот.
Оттаму додаваат дека објавата за пресудата по предметот во јавноста познат како „Таргет-Тврдина“ е закажана за утре (26.02.2021 година) во 10 часот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер