Контакт

Македонија

Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни на маркетите, велат од Левица

Објавено пред

Државниот пазарен инспекторат утврди дека одредени синџири маркети ги зголемиле бруто-маржите за 2 до 5 процентни поени за само една година. Наодот, по Законот за инспекциски надзор и Законот за трговија, повлекува јасна постапка: решение, мерка, казна! Наместо тоа, премиерот Мицкоски најавува дека имињата на компаниите ќе се кријат во анонимност и дека она што има да го каже, „ќе го каже директно, во разговор со нив“, истакнуваат од Левица.

Во ниту една уредена држава наодот на инспекцијата, додаваат од оваа партија, не завршува на кафе со премиерот во четири очи, туку со решение кое има број, датум и правна последица!

„Бројките се од самиот Мицкоски: маржа што лани била 10 отсто, денес е 12 до 15. Тоа не е пораст од неколку проценти, туку зголемување на самата маржа за огромни 20 до 50 отсто! Распоредено врз кошничка од 600 до 700 основни производи, ова е секојдневен грабеж и трансфер на пари од трпезата на трудбениците директно во касите на богатите трговски синџири. Владата сама признава дека ако се намалат овие маржи, би биле земја со најниска инфлација – што значи дека свесно знаат дека инфлацијата не е „увозна судбина“, туку домашно профитерство со точна адреса и жиро-сметка!

И додека профитерите бројат милиони, а народот пребројува денари, институциите спијат. Инспекторатот утврдил прекршување, а не изрекол ниту една казна. Комисијата за заштита на конкуренцијата, надлежна за картелско здружување, како воопшто да не постои. Министерството за економија и труд најавува извештаи дури за еден месец! Премиерот, кој нема никаква инспекциска или обвинителска надлежност, се самоназначува за преговарач во четири очи. Ова е класична узурпација на извршната функција со цел да не се преземе ништо – правен вакуум во кој наодите испаруваат, а санкциите исчезнуваат“.

Прашањето, според Левица, не е дали државата може да ги ограничи маржите и да ги казни насилните трговци (веќе покажавме дека тоа е возможно кога има волја), прашањето е зошто оваа власт нема волја.

„ Одговорот е соголен и класен: профитерите не ѝ се противник на оваа власт, туку нејзина класна роднина.

Цените не паѓаат на тајни состаноци и пријателски разговори. Паѓаат само тогаш кога секој орган ја врши својата законска должност: кога Инспекторатот казнува, Комисијата истражува, а Министерството регулира. Сè друго е само евтина претстава за јавноста, платена со поскапен леб, масло и брашно“.

Од Левица итно бараат активирање на државниот апарат наместо премиерски претстави.

„Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги објави имињата на синџирите и да поведе прекршочни постапки;
-Комисијата за заштита на конкуренцијата по службена должност да отвори постапка за картелско однесување;
-Министерството за економија во рок од 30 дена да предложи законско ограничување на трговските маржи;
-Владата да поднесе закон за данок на екстра-профит на трговските синџири, за субвенционирање на основните производи и
Целосно да се објави анализата на влезните и излезните фактури за производите, за да суди јавноста, а не кабинетот“.

Најново

Спорт1 минута

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија5 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија9 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт15 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија16 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет38 минути

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...

Uncategorized43 минути

Скандал на свадба: Младоженецот цела вечер ѝ се враќал на бившата, невестата не издржала

Свадбената веселба во околината на Лазаревац започнала токму како што замислувале младенците – со музика, многу гости, честитки, насмевки и...

Свет1 час

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа...

Uncategorized1 час

Пензионерите повторно креваат глас: „Не може едни да добијат покачување од 3.000, а други само од 600 денари“

Барањето за линеарно зголемување на пензиите повторно го отвораат пензионерите, кои побараа од министерот за социјална политика, демографија и млади,...