Контакт

Uncategorized

Австрискиот канцелар ја потврди врската меѓу напаѓачот од Крајстчерч и австриското десничарско движење „Идентитарист“

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, потврди дека човекот што уби 50 лица во масовното пукање во две џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд, имал финансиски врска со десничарското движење „Идентитарист“ во Австрија, пренесува „Спутник“.

„Можеме да потврдиме дека ‘Идентитарист’ во Австрија обезбедило финансиска поддршка и одржувало контакт со новозеландскиот криминалец“, изјави Курц.

Австриската канцеларија за заштита на уставот и борба против тероризмот (БВТ) го претресе станот на Мартин Селнер, лидерот на „Идентитарист“, под сомневање за поврезаност со Брентон Тарант.

„Виена размислува за забрана на ‘Идентитарист’, кое тврди дека сака да го зачува идентитетот на Европа“, рече Курц.

Изјавата доаѓа по пријавената истрага спроведена од страна на властите. Причината за претресот беше минатогодишната донација за Селнер, која изнесувала 1.500 евра. Името на донаторот, кое наводно одговарало на името на осомничениот стрелец во Нов Зеланд, го привлече вниманието на австриските власти, кои го испитувале Селнер за финансиски криминал.

Uncategorized

Бред Пит искрен за неговата зависност од алкохол и важноста на простувањето, „си наштетив себеси“

Објавено пред

Во ексклузивното интервју за списанието Interview Magazine, Ентони Хопкинс го интервјуираше неговиот добар пријател Бред Пит, кој зборуваше за проблемите со алкохолот и простувањето.

Во разговорот со својот постар колега Ентони Хопкинс (81), Бред Пит (55) јавно проговори за неговата зависност од алкохол и животните лекции што ги научил.

Кога Хопкинс рече дека прочитал за Пит и неговата борба со алкохолот, Пит одговори дека „на пиењето гледал како на бегство“.

„Си направив лоша услуга себеси, како бегство“, рече Пит, алудирајќи на проблемите со пиењето во минатото.

Хопкинс, кој глумеше со Пит во филмите Legends of the Fall и Meet Joe Black, рече дека пиењето е „неопходно“, а Пит додаде „до одреден степен, да“.

Пит потоа рече дека се сеќава кога Хопкинс отворено говорел за својот проблем со алкохолот кога тие работеле заедно во филмот Meet Joe Black (Запознајте го Џо Блејк), додавајќи дека Хопкинс е тип на човек што ги прифаќа своите грешки. „Има убавина во тоа“, искоментира Пит.

„Мислам дека живееме во време во кое сите судат и ги третираат луѓето како за еднократна употреба.“

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Санчо посакувал трансфер во Јувентус?

Објавено пред

Еден од најталентираните играчи во Европа, Џејдон Санчо, во зимскиот преоден рок би можел да се пресели во Јувентус. Англискиот репрезентативец е незадоволен во Дортмунд и веројатно е дека германскиот клуб ќе се обиде да го продаде.

Изминатиот месец е тежок за Санчо во клубот. Најпрвин доцнеше по репрезентативните обврски поради што доби парична казна и суспендиран на еден натпревар од страна на клубот. Потоа го натерале да тренира сам по силен дожд, а најмногу се изнервирал што бил заменет во полувремето на натпреварот против Баерн.

Оваа сезона Санчо одиграч 17 натпревари во сите конкуренции и забележал учинок од пет гола и девет асистенции.

Покрај Јувентус интерес за овој играч покажува и Манчестер Јунајтед.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Џон Војт, Алисон Краус одликувани со национални медали

Објавено пред

Оскаровецот Џон Војт, пејачката и музичарка Алисон Краус, и писателот на мистерии Џејмс Патерсон се меѓу уметниците и филантропите кои претседателот Доналд Трамп ги одликува за нивниот придонес во уметноста или хуманистиката.

 

Тие се меѓу првите добитници на престижните национални медали откако Трамп ја презеде функцијата претседател.

Во соопштение за медиуми, Белата куќа во недела вечерта ги објави имињата на четворица добитници на Националниот медал на уметности и четворица добитници на Медал на националните хуманистички науки. Војт е еден од ретките гласни поддржувачи на Трамп во Холивуд, за кого вели дека е „најголемиот претседател на векот.“

Трамп исто така им оддава почест на музичарите на американската војска, кои честопати присуствуваат на забавите и на други слични настани во Белата куќа.

Трамп ќе ги додели медалите за време на церемонија во Белата куќа во четврток.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија13 часа

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија14 часа

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија14 часа

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија14 часа

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија15 часа

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија16 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија17 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија18 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија19 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија20 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет22 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет22 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет22 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет22 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија23 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет23 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија23 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа1 ден

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет2 дена

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија2 дена

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Досие