Контакт

Uncategorized

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Објавено пред

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно кривичното дело за кое се обвинети или осудени. Од координативното тело за помирување и интеграција кое ги подготвува препораките за амнестија, брифираат дека има согласност да се направи дистинкција меѓу лицата кои биле насилни и оние кои упаднале во Собранието, но не тепале. Не ја отфрлаат можноста, предлогот кој ќе биде разгледан деновиве на првиот состанок на ова тело, да има препорака за прекин на постапката против лицата кои не биле насилни. Со ова се отфрла втората можност, амнестијата да важи по завршувањето на судскиот процес против 30 лица кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Од Телото за помирување повторуваат дека целта не им е да се мешаат во работата на судот, но нивниот предлог, како што велат, е во насока на помирувањето што го иницираа како еден од условите да гласаат за отворање на Уставот.

Во оваа насока е изјавата и на министерката Дескоска, која порача дека амнестијата за 27 април треба да биде врз основа на обвинителниот акт, односно во зависност од тоа за кое дело лицата се обвинети или осудени, и дека тоа е во надлежност на собраниското тело кое го подготвува законот, посочувајќи ги како пример веќе донесените пресуди за насилство врз пратеникот Села и министерката Шекеринска.

Процесот за 27 април сè уште е во тек, утре продолжува рочиштето на кое треба да продолжи презентирање на СМС и вибер-комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите, додека в понеделник, на 26 ноември, треба да заврши одбраната на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски. Дел од обвинетите веќе ги повлекле доказите, иако не откриваат дали тоа е поврзано со најавената амнестија. Дел од обвинетите, пак, велат дека не знаат дали ќе бидат опфатени со амнестијата, а некои од нив велат и дека не сакаат да се мешаат во политичките одлуки.

„Не знам дали ќе бидам опфатен, јас не изготвувам никаков закон, можам да кажам дека слободата е вистинска правда за тие што сме неправилно обвинети“, рече Богдан Илиевски, еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

„Јас својата невиност сакам да си ја докажам пред судот, не можам, а не сакам ни да се мешам во политички одлуки. Јас сум полицаец што постапувал по своите задачи, одлуката за амнестијата ѝ ја препуштам на комисијата што преговара“, рече Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на Трајко Велјаноски.

Претходно премиерот Зоран Заев порача дека е прифатлив закон за амнестија, освен за насилниците од 27 април, ако на тој начин, како што кажа, може да се постигне помирувањето за кое се залагаат заедно со осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за почнување на процесот на уставни измени.

Uncategorized

Битолчанка го силувала својот малолетен син

Објавено пред

Педесет и двегодишен битолчанец на 10 мај годинава пријавил дека наводно во текот на 2018 година сè до март 2019 година, во повеќе наврати, неговата поранешна сопруга извршила обљуба и други полови дејства врз нивниот малолетен син.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Иванов му подари на папата резбан албум со фотографии од христијанската традиција во Македонија

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за време на денешна средба во Вилата „Водно“, на папата Франциско му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на Македонија.

Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство на Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар.

Албумот содржи 153 фотографии низ кои се претставени дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија. Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

„Викиликс“ најави средба „Одбранете го Асанж од екстрадиција во САД“ во Лондон

Објавено пред

Одборот за одбрана на Џулијан Асанж ќе организира јавен состанок во Лондон на 26 април за да добие поддршка за основачот на „Викиликс“ и да испрати силна порака против неговата можна екстрадиција во САД, пренесува „Спутник“.

На јавната средба наречена „Одбранете го Асанж од екстрадиција во САД“ ќе се дискутира и ќе се креира стратегија за солидарност за основачот на „Викиликс“, објави организацијата на „Твитер“.

Состанокот ќе се одржи во седиштето на Синдикатот на Обединетото Кралство (Unite the Union, Unite House) во Холборн, Лондон.

Ако биде екстрадиран во САД, Асанж може да се соочи со пет години затвор врз основа на сегашното обвинение – заговор за хакериски напад на компјутер. Сепак, поранешниот службеник на ЦИА, Филип Џиралди, за „Спутник“ изјави дека Вашингтон може да наметне дополнителни обвиненија за Асанж по неговата екстрадиција вклучувајќи ги и обвиненијата за шпионирање што се казнуваат со смртна казна.

Асанж се стекна со слава кога „Викиликс“ објави голем број доверливи документи, меѓу кои и некои што обелоденија злоупотреби на моќ и воени злосторства извршени од американските војници во Авганистан и Ирак, како и во логорот во заливот Гвантанамо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од,...

Македонија2 часа

„Анима мунди“: Здружение формирано пред 2 месеца ќе биде во раководните структури во ЈП „Лајка“

Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ  поднело иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и...

Македонија3 часа

Отворена постапка за неовластено снимање на разговорот на Павле Богоевски

Скопската полиција  достави известување до Oсновното јавно обвинителство Скопје кон кое е приложен записник за примена кривична пријава со кој...

Македонија3 часа

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на...

Топ4 часа

Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како...

Македонија7 часа

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјата

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија7 часа

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија8 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа9 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион9 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech10 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет10 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа1 ден

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија1 ден

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија1 ден

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада2 дена

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Досие