Контакт

Uncategorized

(Видео) Мираковска со забелешки за иницијативата на Петров: Тој прејудицира настан

Објавено пред

Законодавно-правната собраниска комисија констатира дека иницијативата на Тодор Петров за собирање потписи за нов референдум е уредна. Претседателката на Комисијата, Соња Мираковска, рече дека има неколку технички забелешки, но неоспорно е, според неа, дека подносителот ги има потребните повеќе од сто потписи за иницијативата. Една од дилемите што таа ги наведе е дека Петров предвреме го доставил барањето до Собранието, односно два дена пред да бидат изгласани амандманите за Северна Македонија.

– Она што е факт е дека Вие прејудицирате настан бидејќи на деветти поднесувате барање за дополнителен референдум за одлука донесена во Собранието, а одлуката е донесена на 11. Тоа се забелешки, но сепак сега и да донесеме одлука дека формално не го исполнувате условот, за неколку дена ќе ги имате потписите, а волјата изразена од сто уредно потпишани граѓани за нас е доволно да донесеме мислење дека иницијативата е уредна – рече Мираковска.

 

Претходно и Комисијата за политички систем заклучи дека иницијативата е уредна. Сега подносителот на иницијативата чека претседателот на Собранието да достави мислење до Државната изборна комисија за во рок од 20 дена да почне да собира потписи. Петров очекува постапката да почне од 15 февруари и до средината на мај да ги собере потребните 150.000 потписи за дополнителен референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за Северна Македонија.

Uncategorized

Заложничка драма во Бразил: маскиран маж држи во заложништво патници во автобус

Објавено пред

Маскиран маж држи како заложници патници на автобус на мостот Рио-Нитерој, што ги поврзува градовите Рио де Жанеиро и Нитерој.

Вооружени полициски службеници го опколија местото и преговараат со киднаперот.

Засега не е јасно колку заложници има во автобусот, а според неофицијални информации, мажот ослободил пет лица.

Локалните медиуми наведоа дека киднаперот се заканил дека ќе го запали возилото.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Исчезнатата Британка на грчкиот остров Икарија пронајдена мртва во бездна

Објавено пред

Триесет и петгогодишната Британка Наталија Кристофер, која исчезна во понеделникот наутро на грчкиот остров Икарија, попладнево е пронајдена мртва. Нејзиното тело било пронајдено во бездна длабока 20 метри, во непрооден планински терен во областа Караме, Агиос Кирикас.

Според првичните информации, таа била поклопена од карпа што паднала врз неа, а била пронајдена по сигналот од нејзиниот мобилен телефон. Како што пренесуваат грчките медиуми, најверојатно станува збор за несреќен случај, откако Наталија сакала да се качи на карпата.

Наталија, која има британско-кипарско потекло, а живее на Кипар, била на одмор со својот партнер во Икарија. Тој пријавил во полиција дека исчезнала откако не му одговарала на телефонските повици. Претходно, Наталија му рекла дека ќе оди да трча.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

На социјалните мрежи се појави видео од Катица Јанева во фризерски салон

Објавено пред

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија неколку видео-снимки од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во фризерски салон во Скопје.

Засега не е познато кога е снимена Јанева.

Специјалната обвинителка од минатата недела е на боледување. Ден пред да го отвори боледувањето таа поднесе оставка што ќе стане активна со изборот на нејзиниот наследник.

Обвинителството ѝ го одзеде едниот мобилен телефон со наредба и го предаде на вештачење во истрагата за рекет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Унгарски државјанин почина во автобус на излез од земјава

Синоќа од Итната медицинска помош било пријавено дека во автобус на граничниот премин Табановце на излез од земјава починал Ф.С.(71)...

Македонија12 часа

Сугарески: Нема вмешани функционери на СДСМ во ,,Рекет”

Остануваме посветени на заложбата од Декларацијата што ја донесовме за борба против криминал и корупција, комуникацијата во партијата е одлична...

Македонија12 часа

(Видео) Арсовски: Кога ќе биде повикан Заев во обвинителството?

,,Зоран Заев и целото раководство на СДСМ се во длабок очај. Откако Јавното обвинителство и продолжената рака на Зоран Заев,...

Македонија14 часа

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ14 часа

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет15 часа

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет15 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа17 часа

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион17 часа

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт17 часа

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија17 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт18 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет1 ден

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија1 ден

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет1 ден

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа1 ден

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија2 дена

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион2 дена

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Досие