Контакт

Uncategorized

(Видео) Пожарот во Калифорнија се шири, расте бројот на загинати

Објавено пред

Пожарот во јужниот дел на Калифорнија постојано се шири, а пожарникарите се обидуваат да и стават крај на огнената стихија, но тоа засега е невозможно, пишуваат тамошните медиуми.

Повеќе од 150 000 луѓе беа евакуирани, меѓу кои и голем број познати личности.

Најмалку единаесет лица досега загинаа во пожар во северна Калифорнија, а најлошо е погоден градот Парадајс, каде што целосно се уништени 6 700 домови и продавници.

Овој пожар и официјално стана еден од најразорните пожари досега во историјата на земјата, велат властите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

Објавено пред

Правата на жените се човекови права што веќе 70 години се заштитени со меѓународното право и Обединетите нации. Жените имаат право да живеат ослободени од насилство, ропство и дискриминација. Жените имаат еднакви права да се школуваат, да поседуваат имот, да гласаат и да заработат фер и еднаква плата како и сите други вклучени во пазарот на трудот. За жал, насекаде во светот, па и во земјава жените и девојките се соочуваат со негирање на нивните права, дискриминација и насилство, едноставно, поради нивната родова припадност, велат од ЦИВИЛ.

По повод Меѓународниот ден на правата на жените, 8 Март, ЦИВИЛ уште еднаш го крева гласот во поддршка на сите жени во светот и бара да се стави крај на дискриминацијата и насилството против жените.

ЦИВИЛ бара од институциите да престанат со декларативните заложби и доследно да ги спроведат сите закони за заштита на човековите права и слободи и за заштита од дискриминација по родова основа. Институциите на државата и на локалната самоуправа, како и општеството во целост, мора да работат на еманципација и почитување на правата на жените.
Политиките и практиките мораат да се подобрат веднаш, без одложување, веќе до крајот на денешниот ден. Секој што го чита или слуша ова соопштение мора да преземе итни чекори за унапредување на правата на жените.

ЦИВИЛ бара од Владата да подготви законски мерки и да воведе практики на најостро санкционирање на секоја постапка што жената ја става во подредена положба или ја дискриминира на работното место, во семејството, во јавноста или на  кое било друго место или ситуација. Медиумите и граѓанските организации мораат да манифестираат повисока одговорност и да работат на граѓанска едукација за правата на жените.

ЦИВИЛ предлага 8 март да се прогласи за неработен ден на сите жени во земјата.

Правичната застапеност на жената од 50% во институциите и во структурите за донесување на одлуките се подразбира и мора да се спроведе веднаш.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

„Пет става во дур“ – концерт на Македонската филхармонија со врвниот пијанист Андреј Гугнин

Објавено пред

„Пет става во дур“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи в четврток, на 28 февруари, во 20 часот. На последниот концерт на Македонската филхармонија овој месец како солист ќе настапи Андреј Гугнин, еден од најдобрите руски пијанисти од новата генерација музички уметници.

Повеќенаградуваниот Гугнин, кој критиката ќе го нарече пијанист со брилијантна техника, музичка сензитивност и драматична интерпретација, за македонската публика ќе го изведе елегичниот Концерт за пијано и оркестар бр. во 2 A-dur од унгарскиот композитор Франц Лист.

Диригент на концертот е врвниот маестро Даниел Рајскин од Русија, а оваа вечер ќе бидат изведени, за првпат во Македонија, „Марошек танците“ од Золтан Кодај, како и Третата симфонија од Петар Илич Чајковски насловена „Полска“, која е единствената симфонија на Чајковски со пет наместо вообичаените четири става, од каде доаѓа и насловот на концертот „Пет става во дур“.

Андреј Гугнин се смета за еден од најдобрите руски пијанисти од новата генерација музички уметници, кој студиите ги завршил на Државниот конзерваториум во Москва, а продолжил на Интернационалната пијано академија на езерото Комо во Италија. Во 2013 година Гугнин ја освоил втората награда на Меѓународниот натпревар по пијано „Лудвиг ван Бетовен“ во Виена, а веќе следната година и Златен медал и награда од публиката на Интернационалниот натпревар „Гина Бахуер“, како и прва награда на Меѓународниот натпревар во Сиднеј (2016) со признанија за најдобар концерт, најдобар концерт со дела од 19 и 20 век, најдобра соната за виолина и пијано. По освоените награди, Гугнин добил покана да настапи со Маринскиот оркестар и Лондонската филхармонија заедно со славниот маестро Валери Гергиев, кога почнува рапидно да расте неговата кариера како концертен пијанист. Снима за издавачката куќа „Иксперион“, но реализирал снимки и за други издавачки куќи на кои се сместени пијано-концерти од Шостакович заедно со Државниот академски камерен оркестар на Русија, на пример, музика за пијано дуо заедно со Вадим Колоденко, рецитални програми… Дел од снимката од концертите на Шостакович беше искористена и на саундтракот на оскаровецот „Мост на шпионите“ на Спилберг. Гугнин е разновиден пијанист во однос на програмскиот избор, и тоа го води да настапува, освен како концертен пијанист, и како камерен музичар соработувајќи со други врвни музички имиња низ светот во престижни концертни сали како што се „Музиквереин“ во Виена, „Карнеги хол“ во Њујорк, во Сиднејската опера, „Чајковски“ во Москва, театарот „Марински“ во „Лувр“ во Париз… а често е канет да одржува и мастер-класи во Русија, САД, Финска, Австралија, Хрватска, Јапонија. Умешноста и виртуозноста што ги покажал овој пијанист на неговиот рецитал во Окајама Сити во Јапонија биле мотивација за организаторите да организираат Фестивал на камерна музика под наслов „Гугнин и пријателите“ (2017). Андреј Гугнин го опишуваат како пијанист со брилијантна техника, музичка сензитивност и драматична интерпретација. Го паметиме неговиот настап во 2012 година на фестивалот „Охридско лето“ заедно со Македонската филхармонија. Следуваат негови настапи во Европа, Азија и во Австралија.
Маестро Даниел Рајскин (1970), син на познат музиколог, пораснал во Санкт Петербург каде што музиката одиграла важна улога во неговиот живот. Во музичко училиште се запишал на шест години, а студирал виола и диригирање во славниот конзерваториум во родниот град. Неговиот учител Лев Савич го инспирира да навлезе во светот на диригирањето, а потоа Рајскин се усовршува со влијателни имиња како што се Милан Хорват, Марис Јансонс или Нееме Јарви. На 20 години ја напушта Русија продолжувајќи да студира во Амстердам и во Фрајбург, за многу бргу да стане еден од најбараните виолисти во Европа, како солист, но и како камерен музичар. Познат е како предводник на младата генерација музичари, ставајќи голем акцент на неговите толкувања за музиката, кои ги прави на мошне транспарентен начин, откривајќи ја структурата на едно дело до сите детали, наоѓајќи го поттекстот, вистинската рамнотежа на звукот и енергијата што ја поттикнува кај изведувачите. Од 2005 година, Рајскин станува шеф-диригент на Рајнската филхармонија, а од 2008 година на филхармонијата „Артур Рубинштајн“ во полскиот град Лоѓ. Неговите ангажмани како гостин-диригент се многубројни, патувајќи низ Европа и Азија, вклучувајќи ги и Белградската филхармонија, Естонскиот национален оркестар, Хонг Конг синфониета, Националниот оркестар во Латвија, оркестарот „Моцартеум“ во Салцбург, филхармониите на Копенхаген, на Прага, оркестарот на Радио-телевизијата во Даблин, Радиосимфонискиот оркестар на Чешка, Загрепската филхармонија, симфониските оркестри на Виена, на Берлин итн. Познати се неговите ангажмани и како диригент на опери, вклучувајќи ги и редовните настапи со „Кармен“ за холандската компанија „Opera Zuid“ во режија на Каликсто Биеито (2006/2007) или „Нос“ од Шостакович во Државниот театар во Кобленц (2010). Рајскин соработува со врвни уметнички имиња какви што се Иво Погорелиќ, Џулијан Рахлин, Миша Мајски, Ланг Ланг, Мидори, Даниел Милер-Шот.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Претставен концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје

Објавено пред

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го претстави концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје.

Основањето на паркот е иницијатива на Владата, а се спроведува од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за информатичко општество и администрација. Има за цел забрзан економски раст и побрз приклучок кон светските економски и општествени текови. Научно-технолошкиот парк е простор кој под еден кров нуди инфраструктура, услуги и пристап до финансии што ќе поттикнат раст базиран на ризик, знаење и иновации и ризик. Истовремено, паркот ќе биде место за контакт и соработка помеѓу академската заедница, студентите, бизнисите и инвеститорите.

Проектот ќе се гради во три фази.

Оваа недела беше отворен Деловно-технолошкиот акцелератор УКИМ за млади претприемачи и иноватори, кој е дел од првата фаза од Научно-технолошкиот парк.

Акцелераторот е сместен во кампусот на техничките факултети во Скопје, а за оваа намена, Владата во соработка со Светската банка ги обезбеди првите половина милион евра инвестиции.  Тука се предвидени почетни инвестиции до 25.000 евра по компанија, како и до 75.000 евра во втората инвестициска фаза за стартапите со потенцијал за брз раст.

Втората и третата фаза на Научно технолошкиот парк предвидуваат изградба на нови згради и лаборатории, кои се очекува да бидат завршени до 2024 година (втора фаза), односно до 2027 година (трета фаза).

Студијата за изводливост е подготвена со финансиска и техничка поддршка од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Вкупната проценета инвестиција во Научно-технолошкиот парк за сите три фази е околу 80 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Пожарот на Скопска Црна Гора се шири

Пожарот на Скопска Црна Гора, на местото наречено Влајингроб, што избувна пред неколку часа, се шири. На терен интервенираат противпожарни...

Свет12 часа

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ15 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија15 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија16 часа

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет17 часа

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет19 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија20 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија20 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ21 час

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет21 час

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион22 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет23 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион1 ден

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 20192 дена

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет2 дена

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 20192 дена

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток2 дена

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион2 дена

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Досие