Uncategorized
(Видео) Стоилковски: Дали КАТО-системот е исклучен за да има криминал со смртни последици, веднаш оставка на Владата

Злоупотребата на цитостатици и терапија на Клиниката за онкологија е мегакриминал со смртни последици, злосторничко здружување за кражба на лекови од пациенти со канцер за продажба на црно, истакна на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа, како што оценува тој, е невозможно без политичка поддршка и обезбедена неказнивост.
„Клиниката за онкологија е единствена во светот што поседува КАТО-систем за контрола на терапиите, а што 6 години не го користи. Системот за контрола за дозирање на лековите е исклучен во 2017 година со доаѓањето на СДС и поставувањето директор на Клиниката од страна на Арбен Таравари, тогаш нов министер за здравство. И сега кога грозоморниот скандал излезе во јавноста, актуелниот министер, пулен на Таравари, повторно нема одговор зошто КАТО-системот е исклучен од употреба, што доведува до логичен заклучок дека тоа е сторено за да може непречено да се спроведува криминалот со смртни последици.
И наместо оставка своја и на целата Влада, министерот за здравство во Владата на Димитар Ковачевски во обид да демантира вели: „системот не е фрлен во подрум, туку заклучен во соба“.
Морбидно, нечовечно, дно за медицинскиот систем, но врв на владеењето на СДС за опстојување на власт“, вели Стоилковски.
Додава дека злосторничкото здружување сè уште опстојува и владее на Клиниката за онкологија и по две години откога укажале на криминалот и откога медиумите пренеле сознанија.
„Сите до еден чекори во здравството во овие 7 години се политички и сите до еден се лукративно мотивирани, пред сè, за СДС да остане на власт. Креирање толкав систем за крадење цитостатици и наместо лекови, пациенти да добиваат вода, целото семејство на директорот да е на листата за цитостатици, починати пациенти сè уште да бидат на листата за лекување, фатена медицинска сестра со украдени цитостатици, па вратена на работа, медиуми за сето ова да пишуваат, опозицијата две години да алармира, државната ревизија да пишува извештаи и по сето тоа до сега, да нема никаков резултат – тоа значи политичка заштита за актерите и, веројатно, ветена неказнивост“, додава Ковачевски.
Оставките, според Стоилковски, се прв чекор што би гарантирал истрага и соодветна постапка, без да се влијае врз неа од позиција на моќ и власт.
Ова, како што вели, е преголем криминал за покривање и дефокусирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ф., вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, кој побарал и примил 2000 денари од лице за да му издаде документ за привремен престој, иако претходно лицето редовно си ги платило сите потребни издатоци за да му биде издаден документот.
По добивањето на пријавата, преземени се соодветни мерки и активности и И.Ф. на 30.11.2023 е лишен од слобода, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поднесен и предлог за дисциплинска постапка и отстаранување од работното место до нејзиното завршување.
Uncategorized
Штекли објави фотографија од раната и напиша: Бог ги сака храбрите

Раде Трајковски-Штекли на својот „Инстаграм“ објави „стори“ со раните што ги добил од куршумите кога пред неполн месец беше пукано во него во трговскиот центар „Ист гејт мол“.
Под фотографијата што ја сподели со јавноста напиша:
„Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите“.
МВР сè уште нема осомничени, ниту уапсени за овие случаи. Раде Трајковски-Штекли се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев.
Uncategorized
(Видео) Македонија до реми против Англија ги заврши квалифиакции за ЕУРО 2024

Foto/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Англија доминираше во поседот во текот на целиот натпревар, особено тоа беше изразено во првото полувреме, кога Македонија само неколку пати успеа да мине на противничкиот дел од теренот, но и со таква игра стигна до предност.
Англичаните од големиот посед на топката, во првото полувреме не добија апсолутно ништо. Најблиску до гол беше Деклан Рајс кој во 14.минута ја погоди стативата.
Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски, по невнимателниот старт на Рико Луис. Играчот кој утре ќе наполни 19 години, го удри со рака по лицетот напаѓачот на Македонија, откако успеа да интервенира.
Пеналот на Барди во 41.минута го одбрани Пикфорд, но одбиената топка се врати кај капитенот на Македонија, кој од втората шанса не пропушти да ја реализира.
Во судиското надополнување на времето, во првото полувреме, Трент шутираше, а Димитриевски одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер.
На стартот на второто полувреме, Гришиш постигна гол во 47.минута. ВАР долго ја провруваше таа ситуација и пресуди дека играчот на Манчестер сити бил во офсајд.
Англија изедначи веднаш по влегувањето на Хари Кејн на теренот. Капитенот на „Гордиот Албион“ тргна на нафрлената топка од корнер, но таа го погоди Атанасов и заврши во голот.
До крајот немаше некои поголеми возбудувања. Во 87.минута Серафимов се обиде, но ударот заврши над голот на Пикфорд.