Контакт

Uncategorized

Во екплозијата на цистерна во Пакистан 153 мртви

Објавено пред

Најмалку 153 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа, а десетици се во критична состојба во експлозија на танкер со нафта во Пакистан, изјавија официјални лица. Според докторот Мухамед Бакар, многу од жртвите биле запалени до непрепознатливост и ќе се идентификуваат врз основа на ДНК.

Откако преку повик од една џамија беа предупредени дека се превртела цистерна со нафта на автопатот, на периферијата на градот Бахавалпур, луѓете се упатиле натаму за да ја соберат нафтата. Цистерната притоа се запалила, по што уследила експлозија.

Трагедијата се случи еден ден пред прославата на Курбан Бајрам со кој се одбележува крајот на постот за време на светиот муслимански месец Рамазан, и во време на голема гужва на патиштата во Пакистан поради големиот број на луѓе кои патуваат за одмор. АП наведува дека спасувачките екипи за итни случаи морале да интервенираат за да го соберат истуреното гориво.

Несреќата се случи на националниот автопат, на околу 100 километри од главниот град Мултан, кога возачот на резервоарот, кој пренесувал гориво од јужното пристаниште Карачи, ја изгубил контролата над возилото.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија9 минути

„Нула денари“ е најскапата лага, ова е класичен рекет, систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, велат од ЛДП за манифестациите

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено...

Култура33 минути

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет39 минути

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија50 минути

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет56 минути

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт1 час

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...

Регион1 час

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син, кого го роди и...

Спорт1 час

Зверев рутински до третото полуфинале на Ју-ес Опен

Германскиот тенисер Саша Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД. Саша рутински го победи Холанѓанецот Ботик ван де...

Македонија1 час

Сончево и топло, попладне со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во...