Контакт

Uncategorized

Граѓанските организации реагираат: Важните закони се носат нетранспарентно и со делумна вклученост на граѓанскиот сектор

Објавено пред

На денешната прес-конференција на организациите вклучени во проектот ,,ЗА ПРАВДА -заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување’’, беа презентирани наодите од вториот мониторинг бриф за реформите во правосудството во периодот декември 2018 – март 2019 година. Наодите од мониторингот се засноваат на четири параметри: транспарентност, вклученост, почитување на временската рамка и имплементација.

Согласно со извештајот, беше посочено дека и покрај тоа што поголемиот дел од законите се подготвувани во соработка со граѓанските организации, досега преземените мерки предвидени со Стратегијата за реформи во судството 2017-2022 и Акцискиот план, се со делумна транспарентност и вклученост. Ваквата оценка граѓанските организации ја даваат од причина што важните закони се подготвуваат и донесуваат во скратена постапка, нетранспарентно и без вклученост на граѓанските организации.

„И покрај декларативните заложби за соработка со граѓанските организации, сепак во пракса, законите како што е Кривичниот законик и тој за јавното обвинителство, беа подготвувани без наше учество, што го сметаме за голем пропуст и тоа не говори дека има сериозна заложба да бидеме вклучени во овие важни процеси за нашата земја“, нагласи Уранија Пировска, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет.

Од извештајот веднаш, како што беше посочено, може да се согледа дека предвидените рокови не се испочитувани, но овие пречекорувања може до некаде да се сметаат за оправдани со оглед на другите круцијални процеси кои се случуваа во земјава во изминатиот период. Што се однесува до имплементацијата, во извештајниот период биле донесени шест нови закони или законски измени и дополнувања и тоа на Кривичниот законик, Законот за судови, Законот за управен спор, закон за прекршоци, Законот за извршување и Законот за нотаријат, за повеќето закони организациите немаат оценка за имплементација бидејќи сè уште не се објавени и не се стапени на сила.

Во однос на прашањата поврзани со статусот на специјалното јавно обвинителство, Нада Наумовска од ФООМ нагласи дека клучно прашање е дали трансформацијата на СЈО ќе даде правна разрешница за наводите за сторен криминал. Таа се осврна на Анализата за проблемите и предизвиците на СЈО, изготвена од професорот Гордан Калајџиев, каде е оценето дека со понудените решенија, дел од проблемите навидум се решаваат, но некои се продлабочуваат. Оттука, трансформацијата на обвинителството се решава, но не е јасна неговата поставеност во однос на Одделението за организиран криминал, а проблематични остануваат и роковите за постапување.

Наумовска потенцираше дека главната забелешка е постапката во која се носи овој закон: „Кога се носеше првиот закон бевме во политичка и институционална криза. Сега не сме во таква ситуација. Ако тогаш беше оправдано, сега не е случај. Амандманите се нешто што треба да се разгледува, но законот во целост треба да е ставен на расправа на засегнатите страни и граѓанските организации“.
Гаранцијата како мерка сè уште не е укината и покрај јасните одредби во Законот за кривична постапка

На прес-конференцијата беше отворено и прашањето за двајца обвинети во случајот ,,27‘Април’’, за кои е дадена гаранција, а по утврдената мерка притвор. Гаранцијата како мерка сè уште не е укината, иако согласно Законот за кривична постапка мерката притвор не може (не смее) да се комбинира со другите мерки за обезбедување присуство на обвинетите. Оценето е дека овие процедурални пропусти се неприфатливи и за тоа е доставен допис до Основниот суд Скопје.

Проектот ,,ЗА ПРАВДА – заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување’’, со поддршка од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, го спроведуваат Хелсиншкиот комитет за човекови права, Институтот за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“, Институтот за европска политика, Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници.

Uncategorized

Соработник на Џулијани тврди дека Трамп се обидел да влијае на Украина

Објавено пред

Близок пријател на Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, тврди дека Трамп бил директно вмешан во обидот да влијае на Украина за да го истражи демократскиот ривал Џо Бајден.

Лев Парнас рече дека во мај, на барање на Џулијани, тој му дал ултиматум на идниот претседател на Украина дека ниту еден висок американски функционер нема да присуствува на неговата инаугурација и дека основната американска безбедносна помош ќе биде намалена ако не биде најавена истрага за Бајден. Според него, Трамп бил запознат со напорите на Џулијани да се дојде до истрагата и редовно бил информиран за тоа што се случува.

Трамп негираше дека го познава Парнас, и покрај бројните фотографии на кои е со него. „Сум запознал илјадници и илјадници луѓе како претседател и направив илјадници фотографии“, рече Трамп.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Заев: Aмериканската компанија „Дура“ ќе изгради уште две фабрики и ќе вработи 1 000 лица

Објавено пред

Како круна на нашите успешни економски политики, имаме да ви соопштиме една исклучително добра вест – една од најмоќните компании во автомобилската индустрија, компанијата „Дура Аутомотив Системс“ донесе одлука да започне две нови инвестиции во нашата земја, и со тоа само оваа компанија, која веќе има една фабрика во ТИРЗ 2 Бунарџик, во нашата земја ќе има вкупно три модерни капацитети во кои со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за најголемите светски автомобилски компании, соопшти премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата на која говореа и заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Александар Младеновски.

„Дура Аутомотив Системс“ е една од водечките светски компании од автомобилскиот сектор со искуство од преку 100 години и ги опслужува најголемите производители на автомобили на северно американскиот, азискиот и европскиот пазар. Седиштето на компанијата е во Мичиген, во САД и има 9.400 вработени во 33 фабрики и 12 инженерски центри во 12 земји во светот.

„Вкупниот обрт на DURA во 2019 година изнесуваше 1,4 милијарди долари, а Северна Македонија е тринаесеттата земја во која компанијата гради дури три фабрики. Вториот инвестициски проект во нашата земја ќе го реализира ДУРА Аутомотив Стракчрс. Фабриката во ТИРЗ Скопје 2 ќе произведува нов тип на алуминиумски рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила. Фабриката ќе произведува компоненти за премиум класата на производители на автомобили.Петгодишниот инвестициски циклус (2019-2023) е проценет на повеќе од 48 милиони евра и ќе отвори 780 работни места“, истакна премиерот Заев.

Тој информираше дека третата фабрика ДУРА Аутомотив Екстружнс ќе произведува алуминиумски ултра лесни профили за батериските системи на DURA за електрични возила. Инвестицискиот циклус (2019-2023) е проценет на повеќе од 20 милиони евра и ќе отвори 200 работни места.

„Заедно со првата фабрика, која како што реков, веќе го започна првото пробно производство во фабриката во зоната Бунарџик, трите фабрики на ДУРА Аутомотив Системс ќе вработуваат околу 1000 наши сограѓани. Сите тие ќе работат во најсовремени фабрички системи и ќе се стекнат со обуки и вештини да учествуваат во високо-технолошки процеси. Едноставно, ќе станат дел од глобалниот свет на ДУРА Аутомотив Системс“, нагласи премиерот Заев.

Заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев, се задржа на одржувањето на трендот на привлекување на странски инвестиции од високо-технолошките индустрии што ја ориентира земјата да биде препознавана како дестинација која обезбедува услови за инвестиции кои се конкурентни на светскиот пазар, а за работната сила обезбедува работни места со високи плати.

„Дура е компанија којашто е во портфолиото на Патријарх Партнерс којшто комбинирано имаат над 8 милијарди долари промет на годишно ниво. На состанокот со менаџментот ги убедивме да ја посетат Република Северна Македонија и по нивното доаѓање ја сменија одлуката, наместо во Чешка овие две фабрики ќе се градат во нашата држава. Овие две фабрики е уште поважно што се од високо технолошкиот развој и свет на индустријата. Станува збор за фабрики кои се капитално интензивни, а не трудоинтензивни. Точно такви какви што нас ни требаат, за да нашите млади инжeнери, стручни луѓе и стручни кадри ги задржиме во државата. Бидејќи тоа не можеме да го направиме со ниски плати, ќе го направиме со повисоки плати, точно такви, какви што овие капитално интензивни инвестиции можат да понудат на вработените“, посочи Анѓушев.
 
Вицепремиерот Анѓушев, ја објави и одлуката на канадската компанија Магна да инвестира во нашата земја, а вкупните инвестиции во овие три фабрики, двете на Дура и онаа на Магна би требало да надминат 100 милиони евра и да отворат околу 2000 работни места. Дополнително вицепремиерот најави огромна инвестиција и изградба на две фотоволтаични електрани со инсталирана моќност од по 50 мегавати, кои ќе се градат над рудникот Осломеј. Со тоа овој енергетски комбинат, кој моментално е енергетски споменик, ќе биде вистински пример на енергетска транзиција, односно премин од загадувачко производство на електрична енергија кон еколошки, обновливи извори на енергија.

Директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Александар Младеновски истакна дека одлуката на двете нови инвестиции на ДУРА Аутомотив Системс од САД е донесена откако претходно компанијата за дестинација на двете нови фабрики избрала друга земја, членка на ЕУ, но сепак решила своите нови капацитети во Европа да ги отвори во Северна Македонија со што се потврдија компаративните предности на нашата земја за привлекување на странските инвестиции.

За две и пол години, оваа влада договори 24 нови странски инвестиции во нашата земја. Ако сега вкупно имаме само во индустриските зони 34 компании, разликата во полза на оваа Влада за активностите на овој план е сосема очигледна. Во досегашниот мандат на оваа влада 12 фабрики се веќе пуштени во работа. Тоа се речиси двојно поголеми резултати во споредба со истите периоди во од 2013 до 2015, и од 2015 до јуни 2017.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Софија Вергара шик дури и во секојдневна облека

Објавено пред

Софија Вергара изгледаше волшебно иако во секојдневна облека во четвртокот, кога таблоидите објавија дека таа е спремна да се придружи на телевизиското шоу America’s Got Talent („Америка има талент“).

Папараците ја забележаа 47-годишната актерка кога излегуваше од аптека во Беверли Хилс, Калифорнија. На себе имаше искинати избледени фармерки и чевли со високи потпетици Сен Лорен.

Ѕвездата на „Модерна фамилија“ носеше обична бела маица делумно вметната во фармерките со завратени ногавици, а горе маслинеста зелена јакна.

Од аксесоари, таа имаше обетки во форма на обрач, Ван Клиф ѓердан со детелинки, и стилски очила за сонце со златни точки на рамката.

Актерката, наводно, во средата се сретнала со директори на Ен-би-си и членови на продукциската компанија Фремантл – продуценти на Американски талент, според написот на ТМЗ (TMZ).

Eн-би-си реши да не ги врати Џулијан Хаф (31) и Габриела Јунион (47) за следната сезона на натпреварувачкото шоу за таленти во продукција на Симон Коуел.

Габриела ја загуби работатата откако се пожали на расна пристрасност и на „токсична“ работна култура во емисијата додека минатата година беше член на  жирито заедно со Џулијана, Сајмон (60) и Хове Мандел (64).

Софија моментално е во последната сезона на ТВ-серијата „Модерна фамилија“. Таа во комедијата ја игра Глорија Делгадо-Притчет уште од премиерата во 2009 година.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Култура8 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет9 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт10 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет11 час

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион13 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет15 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија16 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија17 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија18 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија18 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет19 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет20 часа

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет21 час

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија21 час

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион21 час

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава23 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија1 ден

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија2 дена

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија2 дена

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија2 дена

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Досие