Контакт

Uncategorized

Данев: СДСМ ги измами граѓаните за минималната плата

Објавено пред

СДСМ ги измами граѓаните со најавите за зголемување на минималната плата, рече во петок на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ пред изборите ветуваше минимална плата од 16 илјади денари и еве гледаме дека ги измамиja граѓаните. Вчера рекоа дека ќе почнат со минималец од 12 илјади денари. Разликата од ветеното до најавеното за реализација е 4 илјади денари помалку за минимална плата“, рече Данев.

Тој потсети на изјава на вицепремиерката Радмила Шекеринска дадена во ноември минатата година, во која таа најави минимална плата за сите работници низ целата држава до износ од 16.000 денари.

Според него, дополнителна лага е дека СДСМ ќе давале поддршка на компаниите.

„Тие велат минималецот ќе се зголемел затоа што владата ќе давала поддршка на фирмите од 1 500 000 евра, а наредната година тоа ќе се преполови на 750 илјади евра за компаниите. Притоа не објавија како ќе се делат тие пари. Дали тие пари ќе завршат само за подобни фирми и компании на власта на СДСМ, што отвора нов сомнеж за малверзации и сомнителни зделки на владата. Граѓаните се измамени, не го добиваат она што им беше ветено“, рече Данев. /макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Несериозно е да се очекува дека ќе дојде висок европски политичар и ние наеднаш ќе ја промениме позицијата, вели Мицкоски за посетата на Кошта

Објавено пред

Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нема да му го смени мислењето на премиерот Христијан Мицкоски во однос на проблемот со Бугарија. На само неколку часа пред средбата со Кошта, Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на нов базен во Карпош, повтори дека Владата останува на ставот прво да добие гаранции дека нема да има нови условувања, па дури потоа ќе се изгласаат уставните измени за кои е извесно дека мора да се направат оти претходната Влада прифатиле.

„Без да имаме извесен крај не можеме да влеземе во таква авантура бидејќи три и пол децении граѓаните во оваа наша земја генерално беа сведоци на таков тип на политички авантури и гимнастики. И еве каде сме, на место каде што бевме пред 25 години кога го почнавме овој процес. Нефер и несериозно е да се очекува дека ние сега наеднаш, ќе дојде висок европски политичар, ние ќе ја промениме позицијата и готово, сме ја завршиле работата. Тоа нема да го направиме“, рече премиерот Мицкоски.

Овој став, премиерот Мицкоски вели дека е првото нешто од вкупно шест, што треба да ги знаат сите. Второ што треба да го знаат сите рече дека без ВМРО – ДПМНЕ нема договор со Бугарија. Ја обвини опозицијата дека со секојдневните лаги го поткопува процесот.

„И јас кога би бил од страна на бугарската Влада, кога гледам дека внатре има човек кој ги урива позициите на Владата, тогаш би си седел мирен и би се радикализирал. Зошто би барал решение? Имаме, за жал, такви аналфабети во опозицијата, национално исплакнати луѓе кои единствено нешто што сакаат да го направат е некој денар плус. Ние таква политика не водиме и немаме намера да водиме“, рече премиерот Мицкоски.

Третото нешто што според Мицкоски треба да го знаат сите е дека она што е пред нас е јасно, минатата Влада прифатила уставни измени, француски предлог, протокол 1, протокол 2 и така натаму, па фокусот треба да биде на она што го има пред себе бугарската страна.

„Ајде да видиме сега што е тоа што го има бугарската Влада пред себе. Тоа се 14 пресуди од судот за човекови права во Стразбур, Знаете, оваа работа мора да има доверба, а тоа се создава ако имате двонасочна улица. Ако е еднонасочна улицата тогаш не можете да изградите доверба. За да изградиме доверба треба да видиме испорака од таа страна“, рече премеирот Мицкоски.

Довербата , поред него, ќе ја изградат само со нови заклучоци во кои ќе стои дека нема да има повече условувања за земјава.

„Четвртата работа која исто така е значајна е ако сите европски политичари се едногласни дека повеќе нема да има условувања, тогаш најмалку што ние можеме да добиеме како држава се нови заклучоци во кои што сето тоа ќе го ставиме. На тој начин ќе се потврди поддршката и ќе се потврди довербата. Како шеста точка еве денеска јас би пренел мое мислење дека најпрвин треба да почнеме да градиме доверба, да разговараме. Ние не разговараме“, рече премиерот Мицкоски.

Нагласи дека е подготвен да оди на разговори доколку го известат еден ден претходно за времето и местото.

„Ценам дека треба да се посветиме на испораката на реформската агенда каде што ние сме вистински фронтранери, а не останатите земји од Западниот Балкан. Јас би зборувал за овие теми, нешто што може веднаш да биде како брза испорака. Дури потоа да видиме, доколку постои простор да се изгради таа доверба, да влеземе во една следна фаза“, вели премиерот Мицкоски.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, поплднево ќе има средба и заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкокси. Посетата на Кошта е дел од турејата низ Западен Балкан пред самито ЕУ-Западен Балкан во Тиват.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Ѓорѓиевски се сретна со Мицкоски и се пофали: Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и својата татковина

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска имаа средба во Владата за капиталните проекти што се во подготовка.

Ѓорѓиевски  попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје.

– Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и својата татковина. Скопје заслужува многу. Скопје добива нова енергија, нова динамика и нова перспектива. Продолжуваме со уште посилно темпо – порача Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Кремљ: Европа е вклучена во конфликтот и не може да биде неутрален посредник

Објавено пред

Кремљ соопшти дека Европа не треба да очекува улога на посредник во мировниот процес за Украина, поради нејзиниот сегашен пристап, јави руската државна новинска агенција „РИА“, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Песков го повтори ставот на Москва дека Европа во моментов е вклучена во конфликтот на страната на Украина. Од февруари не биле одржани никакви мировни преговори меѓу Русија и Украина, бидејќи САД, кои посредуваат меѓу двете страни, биле фокусирани на војната во Иран.

Песков потврди и дека рускиот претседател, Владимир Путин, во многу блиска иднина ќе отпатува во Кина, каде што треба да се сретне со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Точните датуми на посетата, рече тој, наскоро ќе бидат објавени во договор со кинеската страна.

„Посетата се подготвува, а може да се каже дека подготовките веќе се завршени, остануваат само финалните детали. Ќе се одржи во многу блиска иднина“, изјави Песков на прес-конференција во Москва.

Последниот познат разговор меѓу Путин и Ши се одржал на 4 февруари преку видеоврска. Двајцата лидери тогаш разговарале за билатералната соработка, глобалната безбедност и усогласувањето на ставовите за клучните меѓународни прашања, вклучително и економските односи и стратешката стабилност.

Најавената посета доаѓа во време на зголемени геополитички тензии и сè поинтензивна соработка меѓу Москва и Пекинг, додека Русија настојува да ги зацврсти односите со Кина во услови на војната во Украина и западните санкции.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Сензација – Реал елиминиран во 1/4 финалето од АЦБ лигата

Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот...

Спорт3 часа

Алварез го одбил Арсенал, ќе остане во Мадрид

Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач...

Спорт3 часа

(Видео) (Не)пријателски натпревар меѓу Португалија и Чиле

Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон. Натпреварот го обележа она што се случи во...

Спорт3 часа

Спектакуларни квалификации во Монте Карло – Кими на пол позицијата пред Ферстапен, Леклер заврши во ѕидот

Андреа Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред утрешниот старт на Големата награда на Монако, поставувајќи време за 43 илјадитинки побрзо...

Спорт3 часа

19-годишната Мира Андреева го освои Ролан Гарос

Мира Андреева е шампионка на Ролан Гарос. Русинката стигна до својата прва Гренд слем титула откако ја победи со 6:3,...

Македонија3 часа

Родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда за починатите деца

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите...

Македонија4 часа

Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската...

Свет5 часа

Американски лекар заразен со ебола пуштен од болница

Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија...

Македонија5 часа

(Фотогалерија) 12 нови детски песни премиерно изведени денес на првиот фестивал „Киселко“ во Кисела Вода

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина...