Контакт

Uncategorized

Досега во организација на МНР вратени се 3.032 македонски граѓани од над 15 земји

Објавено пред

По апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање  авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои, досега (14 април) во организација на МНР е направена репатријација на 3.032 наши државјани.

Од нив, 2022 се репатрирани од 13 земји (Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија, Швајцарија, Велика Британија, Белгија, Франција, Шведска, Данска, Холандија и Италија) на летовите од 15 градови: Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, Базел, Лондон, Брисел, Париз, Стокхолм, Копенхаген, Ајндховен и Венеција), а 214 граѓани со 4 хуманитарни конвои (автобуси и автомобили) од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Турција.

„На 573 наши државјани им помогнавме со насочување или обезбедување дозволи за нивно враќање дома преку аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана. Со регулирана постапка, пак, во комуникација со српските органи, самостојни дозволи во посредство на МНР беа издадени на 149 македонски граѓани за да ги преминат српските граници за да се вратат во земјата“, велат од министерството.

Со ова се исполнети барањата на граѓаните за враќање во земјата во контекст на чартер-летовите, но предвидени се и дополнителни хуманитарни конвои. Од Министерството велат дека во соработка со надлежните власти на другите држави, ќе продолжат и со помагање при индвидиуални дозволи за транзитирање таму каде што условите тоа го дозволуваат.

„Во духот на солидарноста и добрата соработка како со земјите од регионот, така и со земјите членки на ЕУ и НАТО, но и пошироко, овозможивме репатријација и на повеќе од 759 странски државјани кои од Скопје се враќаат во своите земји, меѓу кои: Австрија, Велика Британија, Германија, Австралија, САД, Чешка, Унгарија, Словачка, Швајцарија, Италија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Косово, Малезија и др. На тој принцип, во соработка со други земји и нивните министерства за надворешни работи, им беше помогнато и на 74 наши државјани да се вратат дома од земјите од Централна и Јужна Америка, Полска, Нов Зеланд, Обединетите Арапски Емирати“, додаваат од Министерството.

Оттука изразуваат благодарност до сите инволвирани во овој процес, на колегите од Кризниот тим при Министерството за надворешни работи и колегите од сите наши дипломатско-конзуларни претставништва за нивната посветеност.

Uncategorized

Владата ги донесе протоколите за работа на хотелите во услови на пандемија

Објавено пред

На денешната владина седница е донесен протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување) и тој почнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Северна Кореја продава песок и заработува милиони долари

Објавено пред

Северна Кореја во своите води ископува песок и кршејќи ги санкциите на Обединетите нации, заработува милиони долари од неговата продажба, пренесува Си-ен-ен.

Аналитичари од вашингтонскиот Центар за унапредување на одбранбените студии, непрофитна организација, која анализира безбедносни прашања, забележале пред една година повеќе од 100 брода во водите кај пристаништето Хаеџу во Северна Кореја. Во рамките на својата работа двајца аналитичари го следеле сообраќајот во водите на Северна Кореја и североисточна Азија.

Повод за нивната работа се наводите дека Пјонгјанг продава јаглен и други вредни стоки, некогаш и во многу големи количини на отворено море, за да ја избегне царината, која мора да ги примени санкциите на ОН кон Северна Кореја.

Наместо да ја префрлат стоката во пристаниште пред трговијата, Севернокорејците наводно ја префрлаат стоката од еден на друг брод и го прикриваат нејзиното потекло, пишува Си-ен-ен.

Двајцата аналитичари откриле масовна операција, наводно вредна неколку милиони долари, во која учествувале 279 броди, кои ги заобиколиле санкциите на ОН.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Осми ден од протестите во САД – илјада уапсени, ранети петмина полицајци

Објавено пред

Продолжуваат протестите против полициската бруталност и системски расизам во САД, кои започнаа поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Градовите се подготвуваат за потенцијално нови немири, по заканите на Трамп за примена на поголема сила.

Демонстрантите маршираа по улиците на Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес. Стотина се собраа крај поставената ограда која им оневозможува да влезат во паркот во близина на Белата куќа, каде во понеделникот мирните демонстранти беа растерани со солзавец, за да американскиот претседател Доналд Трамп може да пројде до црквата во близина и да се фотографира со Библијата во рака.

Според информациите, четворица полицајци се ранети со огнено орује во Сент Луис и еден во Лас Вегас, за време на судирите со демонстрантите.

Уапсени се илјада демонстранти во градовите низ САД, а има и повредени.

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската во градовите и сојузните држави за да ги смири нередите. Гувернерите на Њујорк, Масачусетс, Мичиген и Илиноис се меѓу оние кои го отфрлија повикот на Трамп на посилен одговор на протестите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија3 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија4 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија6 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ6 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија7 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија8 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет11 час

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа11 час

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ12 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ12 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија12 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион13 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион13 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет14 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет15 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион15 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија15 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија1 ден

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија1 ден

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Досие