Uncategorized
Експерт за авијација: Модерните авиони не паѓаат само така од небо

Експертите за авијација кои денеска ги интервјуираше Би-Би-Си за падот на авионот во кој наводно се наоѓа Евгениј Пригожин, не веруваат дека вчерашната несреќа во Русија била несреќа.
Авионот во кој наводно летал Пригожин, е деловна верзија на авионот што првично беше претставен во 2000 година како мал млазен авион за патнички авиокомпании. Може да превезе до 13 патници во деловна конфигурација и многу повеќе со модифицирана кабина.
„Авионот беше исклучително безбеден“
Експертот за авијација Дејвид Лирмаунт вели дека тоа е „добар авион од добар производител“. За видео снимката од авионот кој паѓа на земја, а зад него се гледа бел чад или пареа, тој вели дека „мора да има некаква штета за да се објасни тоа“.
Тој додава дека „модерните авиони не паѓаат само од небо“. Консултантот за авијација Џон Стрикленд се согласува дека би било „исклучително невообичаено и ретко авион да падне од небо по нормално полетување“. Тој го опиша авионот како „исклучително безбеден“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Штекли објави фотографија од раната и напиша: Бог ги сака храбрите

Раде Трајковски-Штекли на својот „Инстаграм“ објави „стори“ со раните што ги добил од куршумите кога пред неполн месец беше пукано во него во трговскиот центар „Ист гејт мол“.
Под фотографијата што ја сподели со јавноста напиша:
„Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите“.
МВР сè уште нема осомничени, ниту уапсени за овие случаи. Раде Трајковски-Штекли се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев.
Uncategorized
(Видео) Македонија до реми против Англија ги заврши квалифиакции за ЕУРО 2024

Foto/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Англија доминираше во поседот во текот на целиот натпревар, особено тоа беше изразено во првото полувреме, кога Македонија само неколку пати успеа да мине на противничкиот дел од теренот, но и со таква игра стигна до предност.
Англичаните од големиот посед на топката, во првото полувреме не добија апсолутно ништо. Најблиску до гол беше Деклан Рајс кој во 14.минута ја погоди стативата.
Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски, по невнимателниот старт на Рико Луис. Играчот кој утре ќе наполни 19 години, го удри со рака по лицетот напаѓачот на Македонија, откако успеа да интервенира.
Пеналот на Барди во 41.минута го одбрани Пикфорд, но одбиената топка се врати кај капитенот на Македонија, кој од втората шанса не пропушти да ја реализира.
Во судиското надополнување на времето, во првото полувреме, Трент шутираше, а Димитриевски одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер.
На стартот на второто полувреме, Гришиш постигна гол во 47.минута. ВАР долго ја провруваше таа ситуација и пресуди дека играчот на Манчестер сити бил во офсајд.
Англија изедначи веднаш по влегувањето на Хари Кејн на теренот. Капитенот на „Гордиот Албион“ тргна на нафрлената топка од корнер, но таа го погоди Атанасов и заврши во голот.
До крајот немаше некои поголеми возбудувања. Во 87.минута Серафимов се обиде, но ударот заврши над голот на Пикфорд.
Uncategorized
(Видео) Еуфорија на трибините по голот што го даде Македонија

Радост на трибините по голот на Македонија против Англија.
Македонија води 1:0 на полувреме.