Контакт

Uncategorized

Исчезнатата Британка на грчкиот остров Икарија пронајдена мртва во бездна

Објавено пред

Триесет и петгогодишната Британка Наталија Кристофер, која исчезна во понеделникот наутро на грчкиот остров Икарија, попладнево е пронајдена мртва. Нејзиното тело било пронајдено во бездна длабока 20 метри, во непрооден планински терен во областа Караме, Агиос Кирикас.

Според првичните информации, таа била поклопена од карпа што паднала врз неа, а била пронајдена по сигналот од нејзиниот мобилен телефон. Како што пренесуваат грчките медиуми, најверојатно станува збор за несреќен случај, откако Наталија сакала да се качи на карпата.

Наталија, која има британско-кипарско потекло, а живее на Кипар, била на одмор со својот партнер во Икарија. Тој пријавил во полиција дека исчезнала откако не му одговарала на телефонските повици. Претходно, Наталија му рекла дека ќе оди да трча.

Uncategorized

Заложничка драма во Бразил: маскиран маж држи во заложништво патници во автобус

Објавено пред

Маскиран маж држи како заложници патници на автобус на мостот Рио-Нитерој, што ги поврзува градовите Рио де Жанеиро и Нитерој.

Вооружени полициски службеници го опколија местото и преговараат со киднаперот.

Засега не е јасно колку заложници има во автобусот, а според неофицијални информации, мажот ослободил пет лица.

Локалните медиуми наведоа дека киднаперот се заканил дека ќе го запали возилото.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

На социјалните мрежи се појави видео од Катица Јанева во фризерски салон

Објавено пред

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија неколку видео-снимки од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во фризерски салон во Скопје.

Засега не е познато кога е снимена Јанева.

Специјалната обвинителка од минатата недела е на боледување. Ден пред да го отвори боледувањето таа поднесе оставка што ќе стане активна со изборот на нејзиниот наследник.

Обвинителството ѝ го одзеде едниот мобилен телефон со наредба и го предаде на вештачење во истрагата за рекет.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Британска директорка суспендирала двајца 10-годишници поради хомофобија

Објавено пред

Директорката на основното училиште „Хиверс фарм” во Јужен Лондон суспендирала двајца 10-годишни христијански ученици, откако побарале дозвола да не учествуваат во ЛГБТ-часот за време на месецот „Геј прајд“, пренесува „Брејтбарт“.

Директорката Сузан Папас, која им наложила на учениците да учествуваат на парадата „Геј прајд” минатата година, им рекла на двете деца, кои се со африканско потекло, дека се разочарување за училиштето, објави „Christian Concern“ во понеделникот.

На 20 јуни ученикот Фарел Спенс побарал дозвола од својот учител Алекс Смит да не учествува на часот на кој Смит делел ЛГБТ-материјал за боење. Наставникот не му дал дозвола тврдејќи дека ЛГБТ-часот е дел од наставната програма.

По завршувањето на наставата, Смит, наводно, го обвинил Фарел за употреба на хомофобичен јазик, што детето категорично го негира.

Фарел, кој е католик, седел со својата соученичка Кејси Френсис, пентекостална христијанка, и му рекол на друг наставник дека не го прифаќа ЛГБТ-движењето поради својата религија. Наставникот, наводно, ги прашал двете деца дали сакаат ЛГБТ-луѓето да умрат?”

„Му рековме не”, вели Фарел, „но додадов дека ако се вратиме во своите земји, ќе бидеме казнети ако сме геј“.

Наставникот го прашал Фарел од каде е, а момчето одговорило дека Африканец со потекло од Јамајка каде што сите се христијани и католици, па не ги прифаќаат ЛГБТ-луѓето.

Подоцна, директорката Папас, наводно, ги повикала двете деца и им се развикала: „Како се осмелувате? Вие сте разочарување за училиштето. ”

Папас, чија ќерка е лезбејка и менаџер во училиште, ги ставила децата во одделни простории, а подоцна го казнила девојчето со три часа дополнителни часови. Таа на крај ги суспендирала и Кејси и Фарел од училиште пет дена.

Основното училиште „Хиверс фармер“ едуцира 750 ученици во една мултикултурна и мултирелигиска населба во Јужен Лондон, а неговиот заменик-директор Роберт Аски исто така е отворено геј. Мајките на двете деца се пожалија кај директорот, повикувајќи се на училишните прописи според кои е незаконски да се суспендира ученик поради недисциплинска причина.

Родителите тврдат дека нивните деца не прават хомофобични коментари и ја обвинија директорката дека не ја елиминира дискриминацијата врз основа на религија или верување. Тие, исто така, ја цитираа Европската конвенција за човекови права, велејќи дека таа бара училиштата да го почитуваат начинот на кој родителите ги воспитуваат своите деца во согласност со нивната христијанска вера.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион3 часа

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ3 часа

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа5 часа

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Регион5 часа

(Видео) Најмалку 105 повредени лица во земјотресите во Албанија

Најмалку 105 лица се повредени во земјотресите што ја погодија вчера Албанија, информираа властите синоќа околу полноќ. Во потресот, оштетени...

Култура15 часа

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија20 часа

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ21 час

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ22 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ1 ден

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет1 ден

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет1 ден

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ1 ден

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ1 ден

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет1 ден

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија2 дена

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Досие