Контакт

Uncategorized

Колонадата искршена, а за одржување на спомениците плаќаме по 36.000 евра месечно

Објавено пред

Втор месец стои искршена колонадата „Независна Македонија“ на плоштадот Мајка Тереза пред Македонската опера и балет. Искршен е дел од плочките, а парчињата стојат расфрлани покрај колонадата. Град Скопје, во чија надлежност е одржувањето на спомениците од проектот „Скопје 2014“, вели дека за состојбата редовно ја информираат фирмата ангажирана за одржување на спомениците.

„Град Скопје има склучено договор со фирмата „Бетон“ за одржување објекти во централното градско подрачје во износ од 50 милиони денари за двегдишно одржување. Со договорот точно се предвидени сите објекти што се предмет на одржување и колонадата е дел од тие објекти. Одговорните за реализација на договорот од Град Скопје редовно ги регистрираат сите дефекти и доставуваат налог до ‘Бетон’ за интервенции“, велат од Град Скопје.

Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, друштвото за градежништво „Бетон“ АД Скопје во 2016 година е избрано во период од две години на Град Скопје да му дава услуги за поправка и одржување фонтани и спомен-обележја за 53 милиони денари или речиси 36.000 евра месечно.

Од Град Скопје не одговорија на прашањето дали ќе побараат одговорност од фирмата што ги одржува спомениците за тоа што колонадата два месеца стои искршена.

Колонадата е дел од спомениците за кои се врши анализа за евентуално преместување на друга локација.
„Град Скопје за дислокацијата го очекува ставот на комисиите што работат на истражување на состојбите на објектите од проектот „Скопје 2014“ и понатаму ќе постапи во согласност со законот“, велат од Градот.

Колонадата, која го доби името „Независна Македонија“, е меѓу последните објекти од проектот „Скопје 2014“. Нејзината изградба беше договорена во 2013 година во време кога градоначалник на општина Центар беше Владимир Тодоровиќ. Неговиот наследник Андреј Жерновски ги реализира договорите со објаснување дека евентуално раскинување ќе биде на штета на општинскиот буџет оти договорите не само што биле попишани туку фирмите и уметниците што работеле на колонадата веќе биле исплатени.

Изградбата чинеше 1,4 милион евра. Колонадата е висока 8 метри. Меѓу столбовите се поставени девет музи на уметноста излеани од бронза, а над крајните столбови има лавови. Автори на музите се Жарко Башески, Беди Ибрахим и Благоја Анѓелкоски, а лавовите се дело на Мирослав Славковиќ.

Градежните работи на колонадата ги изведе друштвото за градежништво „Бетон“ АД Скопје, кое од лани е задолжено и за одржување на спомениците, а скулптурите беа излеани во „РЖ – Институт Скопје“.

(М.И.П.)

Uncategorized

Денеска прва пресуда за Груевски – му се заканува затвор до 3 години

Објавено пред

Во кривичниот суд во Скопје попладнево судијката Добрила Кацарска ќе ја соопшти пресудата за предметот „Тенк“ на СЈО за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“. Tретообвинет во предметот е експремиерот Никола Груевски, кој, доколку биде осуден, може да добие најмалку 1, а најмногу 3 години затвор за кривичното дело „давање награда за противзаконито влијание“.

Ова ќе биде прва пресуда од предметите на СЈО од 5 активни обвиненија против поранешниот премиер. Нему му се суди и за предметите „Насилство“, „Титаник“, „Траекторија“ и ТНТ.

Покрај него, во предметот второобвинет е помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кому му се заканува построга казна затвор од најмалку 5 години. Тој вчера беше осуден на ефективна казна затвор за предметот „Триста“ во времетраење од 9 години.

Во предметот „Тенк“ првообвинета е ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на која ѝ се заканува казна затвор од најмалку 5 години за поттикнување во извршување на кривичното дело. Нејзе ќе ѝ се суди во издвоена постапка поради ризичната бременост. Првото рочиште е закажано в понеделник, 28 мај. Судењето за „Тенк“ започна на 30 јануари годинава и траеше приближно 3,5 месеци.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Неопходна е соработка на полицијата со новинарите, заклучија Спасовски и Шредер

Објавено пред

Од

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја информира директорката на Европската федерација на новинарите (ЕФН), Рената Шредер, за потпишаниот меморандум за соработка на МВР со Здружението на новинарите на Македонија и за активностите што се преземаат за подобрување на соработката меѓу новинарите и полицијата.

За време на средбата Спасовски рече дека во наредниот период предвидено е одржување работилници во соработка со ЗНМ и ОБСЕ со цел уште повеќе да се зголеми соработката и да се избегнат какви било проблеми во наредниот период. Спасовски ја информира Шредер и за истрагите за случаите со напади на новинари во последните неколку години.

Директорката на најголемата организација на новинарите во Европа, која претставува повеќе од 320.000 новинари во 71 новинарска организација, оцени дека потпишувањето на меморандумот со ЗНМ е голем чекор и потенцира дека соработката меѓу полицијата и новинарите е неопходна. Таа ја поздрави намерата за одржување работилници меѓу новинарите и полицијата како дел од новата слика за Македонија како земја каде што новинарите имаат можност слободно и професионално да работат.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Мала стабилизација на времето, но повторно грмежи и дожд

Објавено пред

Синоптичарите за утре прогнозираат променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а сеуште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Утринските температури  ќе се движат од 6 до 13, а во текот на денот од 20 до 29 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Во вторник и в среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија9 минути

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет17 часа

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија17 часа

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ19 часа

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет21 час

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија21 час

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија21 час

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија24 часа

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ24 часа

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Македонија1 ден

Њујорк: Димитров разговараше со Гутереш за спорот со името

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Како...

Вести2 дена

Помпео: Северна Кореја сака економска помош и безбедносни гаранции

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, јасно им рече на Американците дека за возврат за денуклеаризацијата сака економска помош и...

Македонија2 дена

Иванов очекува да го добие предлогот за името написмено

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со Метју Палмер, заменик на помошник-секретарот во Стејт департментот на САД, уште еднаш ја истакна потребата...

Македонија2 дена

Груевски се огласи по пресудата: Доаѓаат подобри времиња

Главата горе, горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија, доаѓаат подобри времиња, порача експремиерот Никола Груевски, кој денеска беше...

Економија2 дена

„Фени“ да се продава на јавна лицитација, побара бугарски „Минстрој“

Запирање на стечајот на „Фени“, впаричување на имотот и јавна лицитација за избор на компанија што ќе стопанисува со комбинатот,...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски мисли дека Груевски е во Скопје, но не кажа зошто не се појавил во судот

Mислам дека Груевски е во Скопје, но за причините зошто не беше во судот на изрекување на пресудата, одговорија од...

Македонија2 дена

(Видео) Ќе горите живи, нема да излезете од судот, извикуваа демонстрантите пред кривичен суд

Пцости, клетви и закани до судиите упатуваат насобраните луѓе пред кривичниот суд, реагираат по изречената пресуда затвор за експремиерот Никола...

Македонија2 дена

(Видео) Никола Груевски осуден на 2 години затвор за „мерцедесот“

Падна првата пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката...

Досие