Контакт

Uncategorized

Костовски: Законот за јазиците може да има последици врз Уставот

Објавено пред

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера донесе неуставен закон за двојазичност, со кој се деградира употребата на македонскиот јазик и тој се сведува на ниво на еден од јазиците што се говорат во Република Македонија. Ова е ставот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Според Дарко Костовски, овој закон е во спротивност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, а со албанскиот јазик се врши фаворизирање само на една етничка заедница – албанската, а од друга страна, сите други се маргинализираат.

„Можноста судските, управните, извршните, предистражните, истражните, кривичните, прекршочните, парничните, вонпарничните, за извршување санкции и другите постапки да се водат на еден од двата јазика, ја релативизира официјалноста на македонскиот јазик. Дополнително, невозможно е закон што се носи со апсолутно мнозинство да се усогласува со одредби во закони што се носат со двотретинско мнозинство. Двојазичноста на униформите на полицијата, здравствените работници и пожарникарите ја надминува уставната рамка. Според Уставот, двојазичноста може да важи за локалните институции, а не во државните, како што тоа се прави со овој закон. Законот за двојазичност го надминува и Рамковниот договор во точка 6 од него во делот на образование и употреба на јазиците“, вели Костовски.

Имено, во едно мултиетничко општество загрозувачки за сите други заедници е да се донесе закон со кој се промовира една етничка и јазична заедница. Со израмнување на албанскиот јазик со македонскиот се промовира јазичен билингвализам, што може да предизвика последици врз Уставот.

Според него, доколку СДСМ сакал да прошири одредени јазични права, тоа можел да го направи со измена и дополнување на веќе постојниот Закон за употреба на јазикот, што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа.

„Целата постапка беше изведена шверцерски, надвор од законските процедури со ставање европско знаменце. Најсрамно беше злоупотребена постапката за донесување закони од значење за интеграцијата на државата во ЕУ. Законот се повикува на правото на ЕУ, а притоа не наведува на кој акт на Унијата, со датум и број, се повикува. Ваквиот закон доведува до опасност да се нарушат хармонијата и кохезијата на македонското мултикултурно општество поради деградирањето на единствениот интегративен елемент – македонскиот јазик“, вели Костовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, овој закон не го унапредува животот на граѓаните, туку со него се трошат време и пари, кои не носат просперитет.

К. Л.

Uncategorized

По ерупциите на вулканот, Гватемала ја погоди земјотрес од 5,6 степени

Објавено пред

Од

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Гватемала, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Потресот на земјиштето бил регистриран во 20.32 часот по локално време, на длабочина од 108 километри. Епицентарот се наоѓа на 18, 7 километри од област недалеку од вулканот Фуего, чијашто ерупција започна пред две недели.

Нема информации за жртви или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Могерини: Овој договор е пример за дипломатијата во целиот свет

Објавено пред

Високата претставничка на на Европската Унија, Федерика Могерини во Преспа изјави дека потпишувањето на договорот е пример за дипломатијата во целиот свет.

„Ова е важен ден за Европската Унија, сакам да им се зблагодарам на двајцата премиери што беа  вклучени во овој процес. Не направија денеска сите Европејци горди, и ја направи Европа посилна, помирна. Се надевам дека ќе биде инспирација за сите во регионот да ги решат сите конфликт преку дипломатија и дијалог, овој договор на сите можни начини покажува дека низ дијалог се доаѓа до решенија. Ова е важен ден за сите нас, и ќе го поддржиме секој следен чекор во овој процес“, изјави Могерини.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Затвореник пукал во двајца заменици шерифи во Каназас

Објавено пред

Еден заменик шериф е убиен а друг е тешко ранет кога го напданал еден затвореник  додека се возеле во судница во Вијандот во Канзас.

Портпаролкта на шерифот Кели Бејлиф рекла дека осомничиениот исто така е ранет во престерелката и дека е моментно на операција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Столтенберг: Македонија ќе добие покана ако има успешен референдум

Македонија ќе добие официјална покана за НАТО дури по целосна ратификација на договорот за спорот за името со Грција, што...

Македонија59 минути

Коѕијас: Европа мора да го испочитува дадениот збор кон Северна Македонија и Албанија

Земјите од ЕУ мора да го одржат својот збор и да ги отворат преговорите за пристап на Македонија и Албанија...

Македонија2 часа

И по речиси една година, обвинителството сè уште собира докази за злоупотребите во УЈП

„Предметите за кои покажувате интерес се во предистражна постапка и надлежните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран...

Македонија4 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста дека ќе се забрани користењето македонски топоними

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на деjствување освен ширењето лажни вести, измислици и невистини преку кои се обидува...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската жица на Заев e направена од свила, тој потпиша капитулација

СДСМ се откажа од сопствениот народ. За само една година владата на СДСМ на чело со Заев ја брише вековната...

Вести6 часа

Ердоган прогласи победа, тој е прв претседател со извршни овластувања

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, прогласи победа во првиот круг на изборите на кои според официјалните податоци освои втор мандат,...

Македонија18 часа

Кошаркарите Антиќ, Стојановски и Чековски запишани како Северно Македонци на „Евробаскет“

Глобалниот сајт „Евробаскет“ ги промени податоците за националноста на македонските кошаркари. На профилите од Перо Антиќ, Дамјан Стојановски и Ѓорѓи...

Европа20 часа

ЕУ предлага центри за мигранти на Балканот и во Африка

Неколку лидери на Европската Унија го поддржаа планот за воспоставување на прифатни центри за мигранти во северна Африка и на...

Регион21 час

Дијалог Белград – Приштина: Разговорите тешки, позициите значително оддалечени

Во Брисел се одржува нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина, под покровителство на Европската Унија. Дописникот на РТС пренесува...

Македонија1 ден

ВМРО – ДПМНЕ: Боењето е сценарио диригирано од Зоран Заев

Фрлањето боја врз седиштето на ВМРО – ДПМНЕ е сценарио на власта, обвини денес најголемата опозициона партија ВМРО – ДПМНЕ....

Македонија1 ден

Приведени 9 лица по протестот, носеле боксирач, скалпел и фантомки

Полицијата синоќа, откако заврши протестот пред Собранието, привела 9 лица. При претрес кај нив биле најдени пиротехнички средства, боксирач, скалпел...

Македонија1 ден

Чижов: Приемот на Македонија во НАТО ќе биде грешка со последици

Постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов во интервју за грчкиот весник „Катимерини” вели дека се надева оти решението на...

Европа1 ден

Експлодираше зграда во Германија – повредени 25 лица

Дваесет и пет лица  се повредени, од кои четворица сериозно, кога експлозија уништи станбена зграда во западниот германски град Вупертал,...

Македонија1 ден

Заев за „Политика“: Верувам во успешен референдум

Референдумот ќе успее, а тоа би било успех за граѓаните на Македонија, вели премиерот Зоран Заев во изјава за српскиот...

Македонија1 ден

СДСМ го осуди нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осуди нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја...

Македонија1 ден

Шекеринска со писмо до земјите членки на НАТО: Ја барам вашата поддршка за Македонија 

По постигнувањето на договорот со Грција, министерката за одбрана Радмила Шекеринска испрати писмо до министрите за одбрана на 29-те земји...

Надворешна политика1 ден

Коѕијас ги подготви писмата за ЕУ и НАТО

Mинистерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас денеска ќе ги потпише, а утре писмено ќе ги извести ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Кукавички нападнат и каменуван штабот на партијата

Кукавички беше нападнат и каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, обвини партијата.Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека нападот на...

Свет1 ден

Претседателски и парламентарни избори во Турција 

Во Турција денеска ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори, откако на 16 јули минатата година народот на референдум...

Македонија2 дена

Демонстрантите побараа оставка од Владата и изразија поддршка за Иванов

Еден и пол час траеше вечерашниот протест за одбрана на името во Скопје. Од бината пред Собрание демонтрантите побараа оставка...

Досие