Контакт

Uncategorized

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите во Конго

Објавено пред

Најмалку 50 лица загинаа во главниот град на Конго, Киншаса, откако обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, соопштија полициските власти.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат цели населби поплавени со матна вода и уништени патишта.

„Веќе се пријавени околу педесет смртни случаи, а бројката сè уште не е конечна“, изјави за Ројтерс началникот на градската полиција, Силвано Касонго.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Алиу: Најдлабока благодарност до семејствата на органодарителите, го засилуваме институционалното темпо затоа што некаде некој чека нова шанса за живот

Објавено пред

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на трибина посветена на органодарителство, во организација на Владата, Министерството за здравство и Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителството и трансплантацијата.

„Денес најдлабоката благодарност ја упатуваме до семејствата на органодарителите. Во момент на неизмерна лична загуба, нивните одлуки спасиле други животи. Затоа, органодарителството не смее да биде тема за која првпат разговараме во болничките ходници. За него мора да зборуваме порано, во семејствата, образовните институции, меѓу лекарите и пациентите, отворено, одговорно и без предрасуди. Министерството за здравство, заедно со националната координаторка и трансплантациските тимови, во само два месеца, во рамки на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, сними и објави повеќе од дваесет видеа. Пред јавноста застанаа хирурзи, специјалисти, медицински сестри и членови на тимовите – секој со својата хумана страна на својата професија. Во наредниот период, кон оваа кампања се приклучуваат и граѓански здруженија од оваа област со свои пораки за поддршка на органодарителството“, истакна министерот Алиу во обраќањето.

Тој додаде дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување веќе е во финална владина постапка. Со законските измени, секој полнолетен граѓанин при посета на својот матичен лекар ќе треба да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, и тоа безбедно и со двојна верификација, при што секој ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука.

Воедно, министерот Алиу потенцираше дека кога системот ќе започне со примена, ќе биде првиот што ќе се регистрира како органодарител.

„Со поддршка на Владата и на сите релевантни институции, темата за органодарителството конечно ја поставуваме таму каде што припаѓа, во средиштето на јавниот разговор. Нашата цел не е само да имаме медицински подготвени тимови. Потребно е да изградиме и општество кое ја разбира вредноста на дарувањето, му верува на системот и знае дека една одлука може да спаси повеќе човечки животи. Ова е само почеток, институционалното темпо ќе го засилуваме, системот нема да се предаде затоа што некаде некој чека“, порача министерот Алиу.

Воедно, тој упати голема благодарност до сите трансплантациони тимови кои беа дел од сите сложени операции операции досега: Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Национален центар за кардиоваскуларни заболувања, Клиниката за ортопедија, Клиниката за урологија, Клиниката за неврохирургија, Клиниката за нефрологија, Институтот за радиологија, Институтот за трансфузиологија и централна стерилизација.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Муцунски утре во Босна, со колегата Елмедин Конаковиќ ќе разговара за европската перспектива на регионот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оди во еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина. Ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ, најави неговата ПР – служба.

Посетата се реализира на покана на министерот Конаковиќ, а двјцата министри ќе разговараат билатералните односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес.

На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија, а ПР – службата на министерот извести и дека ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Манасиевски: Само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени

Објавено пред

Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени, обвини денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

„Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и лековерност од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници гледаат државнички пристап од македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека заслужуваме предвидлив европски пат. Само Венко Филипче и Румен Радев не сметаат така.

Но, мекото ткиво предводено од Филипче и СДС ја отежнува работата. Само тие се на иста линија со Радев и Бугарија, а на бугарските власти тоа им одговара. Наместо да застанат зад македонските интереси, тие спремаат уште поголемо предавство“, рече Манасиевски.

Тој јавно ги праша СДСМ и Филопче уште што повеќе сакаат да направат за да и наштетат на Македонија и да бидат запаметени во историјата како најголемите предавници на татковината.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија17 минути

Божиновска: Со поддршка од Светска банка започнува подготовката на новата когенеративна централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ...

Соопштенија21 минута

Потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Денес беше потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите од страна на пратеничката Драгана Бојковска како координаторка...

Македонија24 минути

Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Албанија

Владата денеска го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Албанија. Со ова...

Македонија55 минути

Граѓаните ќе се изјаснуваат кај матичен лекар дали сакаат да бидат дарители на органи по нивната смрт

Владата на предлог на Министерството за здравство денес го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и...

Македонија58 минути

АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“

Во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес беше потпишан Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација...

Македонија2 часа

Потпишана Декларација за спречување на насилството кај младите

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше потпишување на Декларацијата за...

Македонија2 часа

Вработените во обвинителствата: Законот е пропуштена можност за вистински промени

Вработените во јавнообвинителската служба предупредуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност...

Спорт2 часа

Ливременто во аут, Тухел го повика Чалоба

Англија сè уште не го започнала Светското првенство, а селекторот Томас Тухел доби лош вести. Ден пред првиот меч со...

Македонија2 часа

Јавна расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

Денес во Собранието се одржа јавна расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, со активно учество на...