Контакт

Uncategorized

Низа проекти за социјална заштита на Кавадарчани

Објавено пред

Во Општината Кавадарци е спроведени низа проекти со кои директно се влијае врз подобрувањето на условите за живот на лицата кои имаат потреба од социјална помош и заштита, соопшти градоначалникот Александар Панов.

Тој истакна дека општината периодов е посветена на социјалната заштита на своите граѓани што е од особено значење.

„Во делот на социјалните трансфери минатите четири години локалната самоуправа има издвоено над пет милиони денари. За еднократна помош во 2013 година се издвоени 1.241.000 денари, следната година 676.000, 2015 година 1.481.000, 2016 1.320.000 и оваа година заклучно со март, над 404.000 денари“ додади градоначалникот.

Општината Кавадарци заедно со Министерството за труд и социјална политика отвориле мал групен дом за деца кои во еден дел од својот живот се соочуваат со воспитни и психосоцијални проблеми.

Општината секоја година набавува инвалидски колички за потребите на одредена група на граѓани од Кавадарци. Изграден е и лифт во зградата на локалната самоуправа. На неколку пати е реализиран проект за времен ангажман на лица од социјално ранливи семејства, за помагање на стари и изнемоштени лица.крај/мф/ем



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Владата ги донесе протоколите за работа на хотелите во услови на пандемија

Објавено пред

На денешната владина седница е донесен протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување) и тој почнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Северна Кореја продава песок и заработува милиони долари

Објавено пред

Северна Кореја во своите води ископува песок и кршејќи ги санкциите на Обединетите нации, заработува милиони долари од неговата продажба, пренесува Си-ен-ен.

Аналитичари од вашингтонскиот Центар за унапредување на одбранбените студии, непрофитна организација, која анализира безбедносни прашања, забележале пред една година повеќе од 100 брода во водите кај пристаништето Хаеџу во Северна Кореја. Во рамките на својата работа двајца аналитичари го следеле сообраќајот во водите на Северна Кореја и североисточна Азија.

Повод за нивната работа се наводите дека Пјонгјанг продава јаглен и други вредни стоки, некогаш и во многу големи количини на отворено море, за да ја избегне царината, која мора да ги примени санкциите на ОН кон Северна Кореја.

Наместо да ја префрлат стоката во пристаниште пред трговијата, Севернокорејците наводно ја префрлаат стоката од еден на друг брод и го прикриваат нејзиното потекло, пишува Си-ен-ен.

Двајцата аналитичари откриле масовна операција, наводно вредна неколку милиони долари, во која учествувале 279 броди, кои ги заобиколиле санкциите на ОН.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Осми ден од протестите во САД – илјада уапсени, ранети петмина полицајци

Објавено пред

Продолжуваат протестите против полициската бруталност и системски расизам во САД, кои започнаа поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Градовите се подготвуваат за потенцијално нови немири, по заканите на Трамп за примена на поголема сила.

Демонстрантите маршираа по улиците на Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес. Стотина се собраа крај поставената ограда која им оневозможува да влезат во паркот во близина на Белата куќа, каде во понеделникот мирните демонстранти беа растерани со солзавец, за да американскиот претседател Доналд Трамп може да пројде до црквата во близина и да се фотографира со Библијата во рака.

Според информациите, четворица полицајци се ранети со огнено орује во Сент Луис и еден во Лас Вегас, за време на судирите со демонстрантите.

Уапсени се илјада демонстранти во градовите низ САД, а има и повредени.

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската во градовите и сојузните држави за да ги смири нередите. Гувернерите на Њујорк, Масачусетс, Мичиген и Илиноис се меѓу оние кои го отфрлија повикот на Трамп на посилен одговор на протестите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет3 часа

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет4 часа

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ5 часа

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ5 часа

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија6 часа

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет7 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет8 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија9 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа9 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет10 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ19 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија19 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа21 час

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија22 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија1 ден

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа1 ден

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Досие