Контакт

Uncategorized

Николоски: Оставка на Спасовски по сите скандали во МВР е најмалиот чин што треба да се случи

Објавено пред

Морал и одговорност во оваа Влада нема, оставка на Спасовски по сите скандали во изминатиот период во МВР е најмалиот чин што треба да се случи, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при денешната посета на општина Василево во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, одговарајќи на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber

Тој порача дека во оваа Влада моралниот чин и одговорноста недостигаат.

„Да имаше одговорност, ќе си имаше поднесено оставка, но, за жал, во оваа Влада моралниот чин е нешто што недостига, одговорност е нешто што недостига. Ова не е прв скандал во Министерството за внатрешни работи. Да потсетам, за издадените 215 пасоши, практично и да нема член од која било светска мафија што нема добиено македонски фалсификуван пасош, да не зборуваме за дрогата што беше фатена и во која директно беа вклучени полициски началници, да не зборуваме за секојдневната корупција што се случува во македонската полиција, така што оставка е најмалиот морален чин што може да се случи после сѐ ова што се случува во Министерството за внатрешни работи“, нагласи Николоски.

Uncategorized

Меѓународен фестивал на прозата денеска и утре во Куманово

Објавено пред

Денес и утре, во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе се одржи првиот Меѓународен фестивал на прозата.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот е во организација на институцијата со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општината на градот Куманово.

„Почнуваме манифестација, која се надеваме дека ќе опстане долго, манифестација по која ќе бидеме препознатливи и манифестација што ќе биде темел на случувањата од ваков вид“, велат организаторите на настанот.

Свеченото отворање е вечерва, со почеток во 20 часот, во фоајето на институцијата. Тема на првата фестивалска вечер е „Женското писмо и Балканот“, гости што нашироко ќе дебатираат на ова тема се: Јорданка Белева, Оливера Ќорвезироска и Лејла Каламујиќ, а Фросина Крушкаровска се јавува во улога на модератаор. Вечерта ќе биде збогатена со музика во изведба на Јован Цветковиќ.

Утрешниот ден е резервиран за втората фестивалска вечер, вечер во која гостите Николина Андова Шопова, Жарко Кујунџиски, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Шпатов и Фејзи Бојку ќе читаат фрагменти по сопствен избор од книжевните остварувања што длабоко оставаат траги. Модератор на втората вечер е писателот Петар Андоновски.

Композицијата на визуелното општење за фестивалот е дело на дизајн проф. м-р Стефан Јакимовски.

Целта на манифестацијата е да се доближи книжевната прозна продукција до читателската публика, да е запознаат со домашните и странските авторите и нивните дела, што ќе придонесе до формирање едно критичко субјективно мислење, ќе се потикне и формира идниот читач.

На настанот се очекува да присуствуваат претставници од јавниот, културниот и од општествениот живот на Куманово.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Пренџов: Власта пасивно го блокира Собранието, изборите се единствено решение

Објавено пред

Владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ заедно со претседателот Талат Џафери спроведуваат пасивна блокада на работењето на законодавниот дом, обвини на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, неколку недели наназад собранискиот сајт е во хаос и не функционира. На календарот за секојдневни активности на којшто има седници за комисии и пленарни седници недостасуваат материјалите коишто треба да бидат прикачени заедно со седниците, што е крајно недозволиво.

Исто така, изјави Пренџов, сајтот на е-парламент преку кој пратениците и собраниската служба имаат увид до пристигнати закони во Собранието и нивната собраниска процедура е нефункционален, така што се отежнува работата на пратениците и службата.

Од опозицијата обвинуваат дека дополнително зачестени се деновите кога или Собранието нема струја или се исклучува интернет-конекцијата со што се блокирани сите собраниски активности.

„Токму денес кога ја држам оваа прес конференција се случува да се гаси интернет-конекцијата така што имавме потешкотии и да ја најавиме до медиумите. Очигледно е дека ниту се работи за некаква случајност, ниту за некакви технички проблеми. Ова е пасивна блокада на законодавниот дом од страна на владејачкото мнозинство. Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Обнова на Македонија’ најавивме дека нема да дозволиме да се носат закони кои се на штета на граѓаните, па очигледно власта сфати дека позитивни законски решенија и реформи не се способни да изготват па најлесно им беше на ваков начин да ја блокираат работата на Собранието“, наведе Пренџов.

Во услови кога опозицијата активно ги блокира штетните закони во Собранието, а власта пасивно ги блокира сите закони ова само покажува дека предвремени парламентарни избори се единствено решение во овој момент, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Франција: Денеска ќе биде објавен составот на новата влада

Објавено пред

Составот на новата влада на францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде објавен денеска попладне, јавува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Првиот состанок на владата е закажан за в понеделник, соопшти утрово француското претседателство.

Нова премиерка на Франција ќе биде Елизабет Борн, која неодамна за првпат се појави во јавноста откако во понеделникот беше назначена на таа функција.

Оставката на поранешниот премиер Жан Кастекс на 16 мај доведе до долгоочекуваната реконструкција на владата по претседателските избори во април, на кои Макрон освои втор мандат.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија46 минути

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија1 час

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија2 часа

Ковачевски: Ги реализираме ветувањата, политиките на раст на платите и на животниот стандард продолжуваат

Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните е она на што останавме доследни и на што...

Македонија3 часа

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ4 часа

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...

Европа8 часа

Кадиров ѝ се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ се закани на Полска. Тој на својот канал на „Телеграм“ објави видео во кое вели...

Европа8 часа

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...

Европа8 часа

Путин првпат ги посети ранетите руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин вчера првпат ги посети војниците во болница во Москва, три месеци по почетокот на офанзивата на...

Македонија18 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија19 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет21 час

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија23 часа

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет1 ден

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија1 ден

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија1 ден

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија1 ден

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија1 ден

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија1 ден

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет1 ден

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...