Uncategorized
Одбраната на Камчев: Не e вистина дека тој се пожалил на коронавирус и одбил испитувања

Одбраната на бизнисменот Јордан Камчев ја демантира информацијата дека нивниот клиент се пожалил на симптоми на коронавирус и дека одбил испитувања на државна клиника кои му биле понудени.
Одбраната наведува дека Камчев има сериозното срцево хронично заболување кое е потврдено и од врвни кардиолози експерти од Австрија, Словенија и Северна Македонија, и истото, само по себе бара посебен третман и редовни прегледи.
„Во текот на летото, по алармантно влошена здравствена состојба на господинот Камчев, тој беше пренесен на Клиниката за кардиологија каде што задржан 5 дена, а потоа беше вратен во притворското одделение на КПУ Скопје. Тогаш, од страна на докторите од Клиниката за кардиологија во Скопје беше потврдено дека треба да се изврши контролен преглед месец и половина по неговото пуштање од клиниката. Како одбрана на г. Камчев, во соодветниот период посочен од докторите побаравме тој да биде посетен во затворот од доктор и да му се овозможат неопходните лекарски прегледи почнувајќи од биохемиска анализа која за неговата состојба е основен и неопходен параметар. Тоа не беше дозволено, туку од страна на затворската управа му беше понудено во 15 часот попладне да биде спроведен на Клиниката за кардиологија во Скопје. Господинот Камчев го одби тој преглед бидејќи терминот и начинот се сосема несоодветни за биохемиски проверки кои, како што напоменавме, се клучни и основни за проверка при третманот на неговата здравствена состојба. Како и тогаш и сега, како одбрана, бараме објаснување на кој основ се одлучува кој од притворениците има право да се лекува на приватна, а кој на државна клиника, односно кој е органот кој одлучува за тоа?“, се наведува во реакцијата на одбраната на Камчев.
Неговиот правен тим додава дека се изнесуваат невистини и во врска со тоа дека Камчев не се пожалил на влошена здравствена состојба на затворскиот лекар.
Во неколку наврати, при сериозно влошување на неговата здравствена состојба, вели одбраната, тој има побарано интервенција од затворскиот лекар, но имало случаи и кога смената на лекарот била завршена па за преглед доаѓала само медицинска сестра и како што е веќе познато и пренесено на јавноста, неговата влошена здравствена состојба во притворската ќелија е третирана со кисела вода и сол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Руска компанија нуди парична награда за секој запленет или уништен тенк од Западот

Руската компанија „Форес“ соопшти дека ќе им плати 72.000 долари во готовина на војниците што први уништуваат или запленуваат тенкови од западно производство во Украина, како и 7.200 долари за секој следен таков обид.
Кремљ претходно вети дека руските сили ќе ги уништат сите западни тенкови што ѝ се испорачуваат на Украина.
Компанијата „Урал“, која е вклучена во енергетската индустрија, исто така соопшти дека ќе плати награда од 215.000 долари за секој уништен борбен авион од западно производство доколку некогаш биде испорачан во Киев.
САД, Германија и неколку други европски земји се подготвуваат да испратат десетици модерни борбени тенкови во Киев во следните неколку месеци за да помогнат во зајакнувањето на воениот капацитет на Украина.
Портпаролот на Кремљ ја критикува оваа одлука како опасна ескалација и рече дека тенковите ќе горат на фронтот.
Uncategorized
Шведска од полноќ го презеде претседавањето со Европската унија

Шведска од полноќ го презеде претседавањето со Советот на Европската унија од Чешка.
Шведска е членка на ЕУ од 1995 година и ова е трето претседавање со земјата по 2001 и 2009 година.
Земјите-членки на ЕУ претседаваат со Советот на ЕУ на секои шест месеци и за тоа време претседаваат со состаноци на сите нивоа во Советот, кој заедно со Европскиот парламент е законодавно тело на ЕУ.
Во програмата на своето претседателство, под слоганот „Позелено, побезбедно и послободно“, шведската влада постави четири приоритети: безбедност и единство, конкурентност, зелена и енергетска транзиција и демократски вредности и владеење на правото, пренесува Хина.
Една од целите на шведското претседателство е завршување на преговорите за климатскиот пакет „Подготвени за 55 проценти“, кој содржи низа предлози насочени кон намалување на нето емисијата на стакленички гасови во ЕУ за најмалку 55 проценти до 2030 година.
Во тоа беше многу успешно чешкото претседателство кое ги заклучи сите предлози од пакетот поврзани со заштитата на климата, а најважна задача за шведското претседателство останува енергетскиот дел, односно договорот за директивата за обновливи извори на енергија и директивата за енергетска ефикасност,пренесе Телеграф.рс.
Uncategorized
Поранешниот шеф на руската вселенска агенција е ранет во Украина

Поранешниот шеф на Роскосмос, руската вселенска агенција, Дмитриј Олегович Рогозин, се здобил со потрес на мозокот и рана над десното рамо, изјави неговиот помошник за новинарите, јавуваат руските медиуми.
„Дмитриј Олегович е ранет. Метален фрагмент со димензии 8 на 6 милиметри навлегол над десната скапула во близина на ‘рбетот. За чудо не удрил во белите дробови. Покрај тоа, Дмитри Олегович има потрес на мозокот. Нема други повреди”, изјави неговиот помошник.
Поранешниот шеф на Роскосмос беше ранет при гранатирањето на Доњецк во средата вечерта. Поради сложеноста на повредата, локалните лекари не се осмелиле да го оперираат. Тој сега се наоѓа во една од болниците во Ростов, каде што чека да биде пренесен во Москва.
Медиумите не наведуваат зошто Рогозин бил во Украина.