Контакт

Uncategorized

Од студ починале 54 Европејци за неколку дена

Објавено пред

Како последица на ниските температури и снегот што пред неколку дена ја зафати Европа починале 54 лица, пишува „Франс прес“. Меѓу нив, 21 лице починало во Полска, шест во Чешка, пет во Литванија, по четири во Франција и Словачка, тројца во Шпанија, по двe во Италија, Романија, Србија и во Словенија и по едно лице во Холандија, Англија и во Шведска. Меѓу жртвите голем број се бездомни лица.

Студеното невреме, наречено Ѕверот од истокот, донесе најниски температури зимава во поголем дел од Европа.

Синоќа температурата се спушти на минус 28 степени во Полска и на минус 18 степени во планините во Германија. Во Холандија, по умерениот пораст на температурите, ноќва се очекува нов пад од минус 15 до минус 19 степени.

Во Ирска се очекува доаѓањето на бурата Ема, што, според најавите на метеоролозите, ќе предизвика најголеми снежни врнежи од 1982 година. Ирците се туркаа во маркетите со цел да снабдат доволно продукти по најавите за бура во земјата.

„Црвено метеоролошко предупредување е издадено за југозападна Англија и југот на Велс. Метеоролозите предвидуваат дека висината на снегот би можела да достигне 50 сантиметри со силен ветер, што би предизвикало прекин во снабдувањето со струја и проблеми во сообраќајот.

Британската метеоролошка служба предвиде дека екстремните временски услови ќе траат до следниот викенд.

На југот на Франција силен снег паѓа од средата во областа Монпелје, каде што синоќа беа спасени 2.000 луѓе заробени во возилата на патиштата, а уште 2.000 утрово беа блокирани.

Uncategorized

Одбраната на Камчев: Не e вистина дека тој се пожалил на коронавирус и одбил испитувања

Објавено пред

Одбраната на бизнисменот Јордан Камчев ја демантира информацијата дека нивниот клиент се пожалил на симптоми на коронавирус и дека одбил испитувања на државна клиника кои му биле понудени.

Одбраната наведува дека Камчев има сериозното срцево хронично заболување кое е потврдено и од врвни кардиолози експерти од Австрија, Словенија и Северна Македонија, и истото, само по себе бара посебен третман и редовни прегледи.

„Во текот на летото, по алармантно влошена здравствена состојба на господинот Камчев, тој беше пренесен на Клиниката за кардиологија каде што задржан 5 дена, а потоа беше вратен во притворското одделение на КПУ Скопје. Тогаш, од страна на докторите од Клиниката за кардиологија во Скопје беше потврдено дека треба да се изврши контролен преглед месец и половина по неговото пуштање од клиниката. Како одбрана на г. Камчев, во соодветниот период посочен од докторите побаравме тој да биде посетен во затворот од доктор и да му се овозможат неопходните лекарски прегледи почнувајќи од биохемиска анализа која за неговата состојба е основен и неопходен параметар. Тоа не беше дозволено, туку од страна на затворската управа му беше понудено во 15 часот попладне да биде спроведен на Клиниката за кардиологија во Скопје. Господинот Камчев го одби тој преглед бидејќи терминот и начинот се сосема несоодветни за биохемиски проверки кои, како што напоменавме, се клучни и основни за проверка при третманот на неговата здравствена состојба. Како и тогаш и сега, како одбрана, бараме објаснување на кој основ се одлучува кој од притворениците има право да се лекува на приватна, а кој на државна клиника, односно кој е органот кој одлучува за тоа?“, се наведува во реакцијата на одбраната на Камчев.

Неговиот правен тим додава дека се изнесуваат невистини и во врска со тоа дека Камчев не се пожалил на влошена здравствена состојба на затворскиот лекар.

Во неколку наврати, при сериозно влошување на неговата здравствена состојба, вели одбраната, тој има побарано интервенција од затворскиот лекар, но имало случаи и кога смената на лекарот била завршена па за преглед доаѓала само медицинска сестра и како што е веќе познато и пренесено на јавноста, неговата влошена здравствена состојба во притворската ќелија е третирана со кисела вода и сол.

 

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Протече нов извештај за потеклото на коронавирусот – покажува дека излегол од лабораторија

Објавено пред

Протече уште еден доверлив документ во САД, во кој се наведува дека постои можност пандемијата да потекнува од лабораторија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, оцени дека извештајот за потеклото на Ковид-19 не е научен и нема кредибилитет.

Во ажурираниот извештај на американската разузнавачка служба, објавен во саботата, се наведува дека постои подеднаква веројатност вирусот да е од природно потекло и дека „протекол“ од лабораторија, но дека вистината можеби никогаш нема да се дознае, пренесува „Ројтерс“.

Реагирајќи на извештајот, Ванг на прес-конференцијата рече дека „лагата е повторена илјада пати и сè уште е лага“, додавајќи дека американските разузнавачки служби „имаат репутација позната по измами“.

„Потрагата по потеклото на новиот коронавирус е сериозно и сложено прашање што треба и може да се истражи само со соработка на глобалните научници“, рече тој. Кина постојано ги негираше наводите дека вирусот протекол од специјализирана лабораторија во градот Вухан, каде што Ковид-19 првпат беше идентификуван на крајот на 2019 година.

Ванг повторно ги повика САД да ја отворат својата лабораторија во Форт Детрик за меѓународни експерти. Заедничката студија на Кина и Светската здравствена организација (СЗО) беше објавена претходно оваа година, но ја отфрли теоријата дека Ковид-19 потекнува од лабораторија, наведувајќи дека најверојатно тој се пренесува од диви животни на луѓето по природен пат.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Приведено 18-годишно момче – избол возрасен скопјанец со нож, а го нападнал и син му

Објавено пред

Полицијата го приведе Х. П. (18) од селото Љубин, Скопско, поради напад.

„Синоќа, по претходна расправија, Х. П. физички го нападнал Е. К. (45) од Скопје и му нанел повреда со остар предмет. Х. П. се сомничи дека на 6.10.2021, со уште неколку лица, физички го нападнал и малолетниот син на Е. К.. По целосно документирање на случајот, против Х. П. ќе биде поднесена пријава по член 131 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија10 часа

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија12 часа

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија12 часа

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија13 часа

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет13 часа

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет14 часа

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија14 часа

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија23 часа

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион1 ден

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија1 ден

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ1 ден

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Популарно1 ден

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето на плејофот за Светското првенство во Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Денешната ждрепка во Цирих...

Македонија1 ден

Возачите на автобусот што изгоре не биле вработени во „Беса транс“

Ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса транс“ кој изгоре не бил вработен во компанијата. Еден од...

Македонија1 ден

Автобусот бил технички исправен, годинава 113 пати ја поминал државната граница

Автобусот на „Беса транс“ минатата година во 22 случаја остварил влез – излез од државата, додека, пак, во 2021 година...

Македонија1 ден

(Видео) Утре ќе бидат префрлени во Скопје првите двајца преживеани во автобуската несреќа

Утре ќе бидат донесени првите двајца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија. Тие прво ќе бидат сместени на...

Македонија1 ден

19 починати и 434 новозаболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.026 тестирања,...

Македонија1 ден

Изгорениот автобус бил произведен 2007 година

Автобусот на компанијата „Беса транс“, кој изгоре во Бугарија и однесе 45 животи, бил стар 14 години. Од македонското МВР...

Македонија1 ден

Пронајдено уште едно тело, дете е 45. жртва во изгорениот автобус во Бугарија

При дополнителен преглед на изгорениот македонски автобус што се запали на автопатот „Струма“ пронајдено е уште едно тело, пренесе Бугарската...

Досие