Uncategorized
Пет лица загинаа во експлозија на бомба во близина на Дамаск
Најмалку пет лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на бомба во градот Саса, југозарадно од Дамаск, пренесува агенцијата AP и додава дека станува збор за детонација на автомобил бомба.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека набљудувачите кои што ги постави опозицијата рекле дека експлозијата се случила во близина на контролен пункт на владините сили, и дека во инцидентот загинале тројца членови на разузнувачката служба.
Државната новинска агенција SANA не го идентификуваше загинатите, но објави дека меѓу повредените има жени и деца.
Нападот го потврди и исламистичката група Fatah al Sham која е поврзана со Ал Каеда. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
22-годишен Турчин со тротинет тешко повреди 55-годишна жена на Партизанска и избега, полицијата го бара
Скопјанка е тешко повредена од возач на тротинет кој избегал од местото на несреќата што се случила вчера попладне на булеварот Партизански одреди во Скопје.
„Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа ’Св.Наум Охридски’, Скопје“, соопшти МВР.
Полицијата направила увид на местото на несреќата и презема мерки за пронаоѓање на 22-годишниот возач на тротинет.
Uncategorized
СДСМ реагира по обраќањето на премиерот: Место мерки прочита цени на горива, граѓаните со празни фрижидери за Велигден
Наместо мерки за високите цени кои постојано растат 45 дена, Мицкоски, македонскиот Далај Лама повторно излезе со празен, холистички и филозофски настап – без резултати, да чита цени на горива од владината говорница, обвини преку соопштение СДСМ по обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски за намалувањето на цените на горивата.
„Месец и половина растат цените. Јагнешкото месо надмина 700 денари за килограм, јајцата, млечните производи, маслото, зеленчукот – сè е поскапено. Основните производи станаа луксуз за огромен дел од граѓаните.
Велигденската трпеза оваа година е полупразна, затоа што е најскапа досега.
Ама Мицкоски не објавува мерки за намалување на цените и заштита на животниот стандард, туку чита цени на горивата – кои ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика.
Очигледно затоа што и Регулаторната комисија не е независна, туку дел од неговата бизнис мрежа.
Каков дилетант. Веќе 45 дена цените се на високо ниво, без ниту една сериозна интервенција од Владата. Нема мерки, нема план, нема грижа за граѓаните.
Резултатот е јасен: Граѓаните се оставени сами на себе, токму пред Велигден – со празни фрижидери и полупразни трпези.
Оваа Влада на Мицкоски не се бори против скапотијата – туку за бизнис интересите. А граѓаните ја плаќаат цената.
’Де факто’ и ’де јуре’ македонскиот Далај Лама ги лаже граѓаните повторно, исто како што лажеше за време на кампањата дека ќе го врати името и клечеше за власт. Сега Македонија е на колена“, стои во соопштението од СДСМ.
Uncategorized
ПСЖ понудиле 55 милиони за Де Јонг
ПСЖ испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг (28), но од „Камп Ноу“ дојде решителен одговор. Актуелниот европски шампион понуди 55 милиони евра, но каталонскиот клуб ја отфрли таа сума и постави значително построги услови за евентуален трансфер.
Понудата на ПСЖ вклучуваше исплата од 55 милиони евра на рати, што е вообичаена практика во модерниот фудбал. Сепак, челниците на Барселона ја одбиле понудата, незадоволни од сумата и начинот на исплата.
Каталонците бараат 70 милиони евра за холандскиот играч од средниот ред, но клучниот детаљ не е само износот на обештетувањето. Барселона инсистира целата сума да се исплати веднаш, без никакви одложувања или плаќања на рати.
Таквиот цврст став значително ги комплицира преговорите и го става францускиот клуб пред одлука дали да ја зголеми понудата и да ја промени структурата на плаќање.
Френки де Јонг е познат со години како еден од најважните играчи во средниот ред на Барселона. Неговиот технички квалитет и преглед на играта го прават високо ценет на пазарот.
И покрај финансиските предизвици со кои се соочува клубот, Барселона со оваа одлука испраќа јасна порака дека нема намера лесно да ги продаде своите клучни играчи.
Foto/ Depositphotos
